sruface-win-10

На Build 2016 што се одржа на крајот од минатиот месец, Microsoft ја претстави наредната надградба на Windows 10 којашто ја нарече Anniversary Update, односно надградба за годишнината од претставувањето на оперативниот систем.

Оваа надградба ќе им донесе на корисниците повеќе новини кои од оваа недела можат да ги тестираат пред официјалното пуштање, преку познатата Windows Insider програма. Новата верзија од Windows 10, односно Insider Preview Build 14316 стана достапна за корисниците на fast ring од вчера.

Овие корисници ќе можат да ги пробаат најавените новини од Anniversary Update, па истите ќе бидат целосно средени од сите потенцијални багови и проблеми до официјалното пуштање за сите корисници ова лето.

Кои новини од Anniversary Update се достапни во Insider Preview Build 14316?

Програмерите ќе можат да ја тестираат ново најавената соработка со Canonical која овозможи користење на Bash конзолата директно од Windows 10. Ова е овозможено преку нов таканаречен Linux подсистем кој овозможува функционирање на Ubuntu системот од Windows.

bash

Во овој build вклучена е и поддршката за добивање известувања од Windows Phone и Android телефоните. За почеток корисниците преку Cortana, покрај досега достапните известувања, ќе добиваат известување доколку батеријата на нивниот уред е празна, ќе може да го пронајдат нивниот уред, а ќе биде достапно и испраќање на започнатата навигација од компјутерот на мобилниот уред.

Microsoft Edge во оваа верзија добива уште неколку нови екстензии, а според досегашните информации, овој прелистувач нема да има проблем со привлекување на програмерите да ги донесат своите екстензии. До официјалното пуштање на поддршката за екстензии за сите корисници, се очекува нивниот избор да биде доволно добар.

Microsoft пред некоја недела најави дека развива нова универзална Skype апликација којашто ќе биде една и иста за сите видови на уреди. Ова треба значително да го подобри корисничкото искуство кое сега може да е малку збунувачко за одредени корисници. Оваа апликација е достапна во вчера пуштениот build.

dark-mode

Оваа верзија ја донесува и доста бараната можност за вклучување на темната тема на оперативниот систем, меѓутоа од Microsoft најавуваат дека не сите апликации ќе изгледаат добро прилагодени.

Извор: Microsoft, PCWorld

Претходна статијаНовиот таблет на Xiaomi се трансформира во робот
Следна статијаНИКО ФОН отвори нов модерен салон во ГТЦ
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.