windows_10_wallpaper-930x523

Windows 10 е најпопуларниот Windows досега – 14 месеци по лансирањето на оперативниот систем, тој стигна до 400 милиони активни корисници. Високата бројка е постигната благодарение на бесплатната надградба за корисниците со Windows 7 и Windows 8.1, но и на солидната продажба на „2 во 1“ уредите со Windows 10.

Интересно, ова е најбрзото стигнување до толку висока бројка од кој и да било оперативен систем на Microsoft досега, тука вклучувајќи ја и супер популарната 7-ка, на која и требаа 7 месеци повеќе и тоа во време кога компјутерите сѐ уште беа попопуларни од паметните телефони.

windows_10_400_million-copy

До неодамна Microsoft најавуваше дека Windows 10 ќе пристигне до една милијарда корисници за две до три години, но и покрај тоа што инсталацијата на најновиот Windows продолжува да расте, тоа не е ниту со приближно високо темпо како што се очекуваше претходно.

Во овие 400 милиони корисници сепак влегуваат и оние на Windows 10 Mobile, како и на Xbox One, кои исто така добија надградба на Windows 10. Наредниве неколку години се очекува дополнително покачување на базата на корисници, особено што Windows 10 само ќе продолжи да се шири низ различните паметни уреди, меѓу кои и оние од IoT сферата.

Windows 10 е инаку последниот Windows, односно отсега Microsoft ќе пушта само нови надградби за системот. Поточно, тој е третиран како сервис кој редовно ќе добива закрпи, подобрувања и нови функции, кои ќе бидат достапни за сите корисници, независно од уредот на кој се наоѓаат.

Извор: Venture Beat, Windows Central, ZDNet

Претходна статијаMicrosoft Edge за Windows 10 Enterprise ќе биде најбезбедниот прелистувач
Следна статијаТри причини кои ќе ве натераат да ја промените работата