Windows 11 ја доби својата прва надградба во есен оваа година, а подоцна беа пуштени и уште неколку помали, начин на надградба на системот кој од Microsoft најавија дека ќе биде стандарден во годините што следат.
Една од поголемите новини беше додавањето на табови во File Explorer, една од најбараните функции веќе години наназад.
Со најновата верзија од Windows 11 се крие една мала новина која е одлична за тие кои ги користат темите кои доаѓаат со системот, односно не сакаат многу да бараат посебни слики по интернет.
Се работи за неколку сокриени теми кои се наменети за верзиите од Windows 11 наменети за корисниците од образовните институции. Достапни се шест дополнителни теми и дефинитивно ќе ја разбијат монотонијата од користење на стандардните теми.

Овие теми можат да бидат вклучени на било која верзија од Windows 11, односно не се заклучени само на образовните верзии, а вклучувањето се прави на следниот начин.
- Отворете го уредувачот на регистарот, односно Regedit. Истото може да се направи преку пребарување или преку Win+R, па внесување regedit во полето што ќе се појави.
- Отворете го „HKEY_LOCAL_MACHINE\SOFTWARE\Microsoft\PolicyManager\current\device“ делот и на device папката притиснете со десното копче и изберете New > Key
- Името на новата вредност треба да се внесе како „Education“
- Во Education со десен клик треба да се избере New > DWORD (32-bit) Value
- Името на новата вредност треба да се внесе како „EnableEduThemes“ и да се избере вредност од 1
После ова се што треба е да се рестиртира компјутерот и да се видат темите во Settings > Personalization > Themes. Доколку темите не се веднаш достапни, истите треба да се симнат, а овој процес се прави автоматски во позадина, па може да треба да се почека одредено време.