Можеби Microsoft со доста строгите барања кои ги имаат поставено, а се очекува да станат уште построги оваа година, ја спречува надградбата на голем број компјутери на Windows 11, но тие сепак сакаат што повеќе корисници да ја инсталираат најновата верзија од нивниот оперативен систем.
Ова изгледа не е баш случајот на „терен“, па можевме да прочитаме за пад на пазарниот удел од овој систем и раст на постариот Windows 10.
Од компанијата сепак имаат листа во која на потенцијалните корисници им прикажуваат зошто Windows 11 е подобар од Windows 10, споредувајќи ги функциите и карактеристиките на двата системи. Секако, Windows 11 има цела листа на ексклузивни функции кои не им се достапни на корисниците на Windows 10.
Во листата очекувано поголем е делот со исти или слични функции, а тие што се достапни само за корисниците на Windows 11 се такви како полесен за користење и полесен за гледање, автоматско отклучување и заклучување зависно од близината на корисникот, подобра безбедност, подобра работа со повеќе монитори, ефекти при користење на веб камерата, автоматски HDR режим, „виџети“, вештачка интелигенција кај одредени апликации и слично.
Целата споредба можете да ја погледнете на оваа страна.
Јасно е дека за голем дел од корисниците овие разлики не се важни, а и може да претставуваат минус, а не предност. Кога на тоа ќе се додаде и фактот што најновите функции се достапни само со нови Copilot+ компјутери, Microsoft може да се каже дека не прави многу да ги мотивира корисниците да го инсталираат Windows 11.