Security-image-3

Microsoft оваа недела претстави ново решение кое треба да ја зголеми безбедноста на системите кои работат на Windows 10. Решението го носи познатото име кое компанијата го користи и кај верзиите од Windows за домашните корисници, односно Windows Defender Advanced Threat Protection.

Ова решение ќе им биде достапно на компаниите, а од Microsoft истакнуваат дека е направено по долги консултации со нивните клиенти, а дел од нив веќе подолг период и го тестираат. Тестирањето е дел и од самата корпорациска мрежа на Microsoft, со што се доаѓа до бројка од 500.000 „крајни точки“ (endpoints) кои се мониторирани од Windows Defender Advanced Threat Protection.

Како решение Windows Defender Advanced Threat Protection не е наменето да се користи самостојно, односно компаниите ќе продолжат да си ги користат нивните досегашни безбедносни решенија.

Security-image-1

Windows Defender Advanced Threat Protection е наменет за брзо откривање во ситуациите кога корпоративната мрежа е пробиена. Според Microsoft, на компаниите во просек им требаат околу 200 дена да откријат дека мрежата е пробиена, а потоа и до 80 дена да успеат да ја контролираат ситуацијата.

Новото решение од Microsoft ќе дојде вградено во оперативниот систем, а најголем дел од моќта ќе ја црпи од облакот.

Корисниците, односно ИТ менаџерите ќе добијат систем кој ќе им овозможи многу побрзо да ги откријат пробивањата на нивната мрежа, а исто така ќе им нуди и можни решенија како најбрзо да го решат настанатиот проблем.

Извор: Microsoft

Претходна статијаSwiftKey официјално дел од Microsoft
Следна статијаPlayStation 4 ќе поддржува стриминг на игрите на Windows и Mac компјутери
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.