Како што беше најавено, оваа недела официјално заврши поддршката за верзијата 21H2 од Windows 10. Тоа значи дека оваа верзија од системот веќе нема да добива надградби, а тоа ги вклучува и безбедносни надградби.
За корисниците се препорачува да ја инсталираат најновата верзија од Windows 10, верзијата 22H2, која ќе биде и последната верзија од системот до неговиот „крај“ во 2025 година. Оваа верзија до тогаш ќе добива само безбедносни надградби и по некоја исправка на грешки, а не треба да се очекуваат некои други новини.
Корисниците ќе бидат автоматски надградени на Windows 10 22H2, односно приватните корисници и бизнис корисниците кои не ги менаџираат компјутерите.
Главната препорака секако е да се надградат компјутерите на Windows 11, но за тоа потребно е тие да имаат одредени минимални карактеристики кои со овој систем станаа построги и не сите можат да го инсталираат.