Фото: Shutterstock.com

Со претставувањето на Windows 11 и целосниот редизајн на Старт менито, редизајн доби и долната лента, односно истата не беше само прилагодена за новото мени. Со тоа, долната лента изгуби неколку функции, а едната од нив беше можноста истата да биде преместена на различните страни од екранот. 

Уште од почетокот на Windows 11 доволно голема група на корисници ја бараат оваа функција назад, како што беше случајот на пример, со можноста да се повлечат датотеки директно на лентата. 

Сепак, после повеќе од 4 години, Microsoft не покажува знаци дека воопшто размислува за враќање на можноста да се премести долната лента, па дечките од Windows Latest имаат и добра анализа зошто е тоа така. 

Целата статија можете да ја прочитате тука, а во основа истата заклучува дека потребата од менување на кодот е доволно голема за да не може да се оправда со оглед на малата популарност на функцијата според Microsoft. 

Долната лента, односно „taskbar“ лентата, има целосно преработен код, па можноста истата да биде преместена не е така едноставна работа како што изгледа. 

Од Windows Latest со право забележуваат дека од компанијата имаат време и желба да работат на додавање на доста нови функции кои не се добро прифатени од страна на корисниците, но не и оваа која сепак е доста барана.