Airbnb

Иако пандемијата со новиот коронавирус уште не е ни блиску до завршување, сепак се очекува продолжување на падот на бројките како резултат на мерките, но и затоплување на времето. Повеќето земји полека ги олабавуваат мерките, а се очекува дека туристичките дестинации ќе работат за време на летото, со некакви изменети режими.

Airbnb е важен фактор кога е во прашање спасување на летната сезона за 2020, па очекувано беше дека од компанијата ќе преземат одредени мерки кои би требало да ги мотивираат луѓето да сепак не останат дома.

Како дел од нивната нова Иницијатива за Подобрено Чистење, Airbnb воведува нов Протокол за Чистење кој сопствениците на домови кои ги издаваат ќе можат да се пријават и да го следат. Тие што ќе го следат протоколот ќе бидат посебно означени на страната на Airbnb, па тоа ќе треба да им даде некаква сигурност на корисниците дека ќе дојдат на место каде шансите за фаќање на вирус се мали.

Протоколот за Чистење е направен во соработка со поранешниот Генерален Хирург во САД, Др. Вивек Мурти, повеќе експерти за медицинска хигиена, како и компанијата Ecolab.

Протоколот ќе подразбира одредени правила кои издавачите ќе мора да ги следат, како што е користење на заштитна опрема при чистење, користење на одобрени производи за дезинфекција и чистење, а најважно од се, простор од 24 часа помеѓу гостите.

Тие кои нема да можат или сакаат да се придржуваат со овој протокол, ќе може да се пријават за Booking Buffer, каде од нив нема да се бараат посебни мерки при чистењето, но ќе мораат да имаат простор од 72 часа помеѓу гостите, простор во кој освен за чистење, нема да смее да се користи за друго.

Иако патници има во текот на целата година, а веќе од мај таа бројка се зголемува, за оваа година се очекува најголемо патување да има од јуни до август. Ќе видиме што ќе биде до тогаш од аспект на бројката на заболени во светот, дали ќе има одобрени и ефикасни третмани, како и што ќе испадне со процентите по направените тестирања за антитела.

ИЗВОРCnet
ИЗВОР 2Airbnb
Претходна статијаСе одржа првиот Online Startup Weekend Skopje – Covid 19 edition – Кои се победничките идеи?
Следна статијаЕлектронска пријава за состојба на водомер за физички и правни лица
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.