Shutterstock.com

Конкурентот на Netflix од Amazon, наречен Prime Video, наскоро би можел да добие ново име. Неофицијалните извори истакнуваат дека тоа име треба да биде Amazon TV, а во игра биле уште неколку други имиња.

Не е познато дали промената на името, доколку информацијата испадне точна, е планирана за целиот свет или само во одредени земји како на пример САД. Не е ретко да постои поделба на сервисите во САД и во остатокот од светот.

Според информациите, Amazon имаат направено мала анкета во која биле предложени и имиња како Amazon Stream, Amazon+, Amazon Streaming и Amazon Premiere. Покрај имињата, прикажано било и ново лого, како и изгледот на променетата апликација.

Инаку, Prime Video доби редизајн на апликацијата изминатите години, нешто што ја доближи до конкурентите кои едно време беа доста понапред, со корисничкиот интерфејс, но и со перформансите.

За Prime Video, барем во нашата земја, не може да се каже дека го нуди еден од подобрите избори на содржина, но сепак достапни се доволно голем број на ексклузивни филмови и серии, како на пример одличната Star Trek: Picard која заврши со последната епизода од третата сезона минатата недела.

ИЗВОР91mobiles
Претходна статијаGoogle Chrome ќе добие нов дизајн за таблет компјутерите и уредите на преклоп
Следна статијаНеофицијално видео на кратко го прикажува изгледот на Google Pixel Fold
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.