Од најновата верзија на Google Hangouts апликацијата добива нова начин за правење на аудио и видео повици. Ќе се користи P2P, односно peer-to-peer протоколот којшто треба да овозможи подобар квалитет на повиците.
Овој протокол нема да се користи во секој повик од сега, па натаму, односно ќе биде достапен за ситуациите кога повиците преку серверите на Google не можат во моментот да обезбедат доволно добра врска. Ова посебно може да се погоди како корисно за корисниците низ светот којшто не се наоѓаат во близина на дата центрите од Google, но се на иста локација еден со друг.
Остварувањето на P2P конекција, од Google истакнуваат дека ги користи IP адресите на корисниците и со тоа тие се откриваат една на друга за потребите на комуникацијата. Тоа не значи дека некој од страна ќе може да ги дознае, меѓутоа знаеме за ситуацијата којашто од Skype дури сега успеаја да ја решат.
Промените за користење и на P2P протоколот се заднински, односно од страна на серверите на Google, а одлуката за неговото користење е автоматска, па корисниците нема да треба да прават никакви промени.
Протоколот ќе биде достапен на сите платформи каде што е достапен сервисот, односно на Android, iOS и веб.