Бизнис корисниците кои имаат OneDrive сметки за кои веќе не плаќаат лиценца, ќе бидат автоматски архивирани почнувајќи од јануари идната година. Со тоа корисниците ќе го изгубат пристапот до датотеките кои се зачувани, а Microsoft планира да наплати и трошок од 0,05 долари по гигабајт месечно за архивираните сметки.
Доколку корисниците сакаат да го добијат пристапот назад до овие сметки, ќе треба да платат 0,6 долари по гигабајт, по што ќе можат повторно да имаат пристап.
Автоматското архивирање на сметките ќе се прави за тие кои немаат лиценца повеќе од 90 дена, што значи корисниците имаат време да размислат дали одредена сметка им е важна и потребна.
Обично нелиценцирани остануваат одредени сметки кај компаниите од вработени кои веќе не се дел од компанијата или слична ситуација, по што се престанува со плаќање за тој корисник.
Компаниите се препорачува да во такви ситуации ги зачуваат потребните датотеки, а корисниците да ги избришат целосно со цел да не ризикуваат вакви дополнителни трошоци.