Фото: Microsoft

OneDrive од Microsoft добива нова функција која ќе им се погоди на корисниците кои активно работат со овој сервис, а тоа често е во ситуација кога нема интернет конекција или истата е слаба.

Сервисот добива поддршка за пристап до датотеките кога нема интернет конекција преку веб страната, нешто што досега беше можно само преку апликацијата за синхронизирање на Windows и macOS.

Корисниците се што треба е да ги изберат датотеките, односно папките кои би сакале да се достапни „офлајн“, по што истите ќе бидат зачувани во „кешот“ од прелистувачот на тој уред.

Од Microsoft истакнуваат и колку побрзо функционира OneDrive на овој начин поради фактот што работата со датотеките веќе не зависи од интернет конекцијата, како и серверите на компанијата.

Сите направени промени се синхронизираат со серверите во моментот кога ќе се вклучи интернет конекцијата на уредот.

Со можноста за пристап без интернет конекција корисниците добиваат пристап до сите папки во OneDrive, односно до деловите Home, My Files, Shared, Favorites, People и Meeting.

Исто така, додека се користи OneDrive без интернет корисниците можат да ги гледаат имињата на датотеките, нивните информации како кога се последен пат отворени и слично.

Оваа новина веќе им се пушта на корисниците, но процесот ќе оди постепено, а исто така им е достапна само на бизнис корисниците и тие од образовните институции.

Изборот за тоа кои датотеки да бидат достапни преку серверите или „офлајн“, со оваа промена ќе може да се прави и директно преку веб страната за самиот уред, односно изборот ќе се преслика и на апликацијата за синхронизирање кај Windows и macOS.

Чудно е што Microsoft не ја пушта оваа функција и за обичните корисници, а посебно поради фактот што нивниот конкурент Google ја нуди можноста со години.

ИЗВОРAndroid Authority
ИЗВОР 2Microsoft
Претходна статијаiPhone 16 Pro Max можно е да дојде со подобрена батерија која останатите модели би ја добиле идната година
Следна статијаНов начин на полнење може да го продолжи векот на литиум-јонските батерии
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.