Со години се шпекулира за причината зошто Netflix не дава никакви информации за гледаноста на нивната содржина, освен ретките објави дека некој филм се покажал доста добро.
Од компанија сега конечно почнаа да ја менуваат оваа практика, па на нивната страна е достапна Топ 10 листа на најгледани филмови и серии, а истото го има посебно и за филмовите и сериите кои не се на англиски.
На страната може да се најдат и листите според земја, но за жал нашата земја не е ставена во листата.
Моментално најгледан филм на сервисот е Red Notice, кој беше неодамна пуштен и во главната улога ги има познатите Двејн Џонсон, Рајан Рејнолдс и Гал Гадот. Ова место во листата на филмови кои не се на англиски го држи Just Shot of Perfect, кој е бразилски филм.
Листите се прават според часовите на гледање на филмовите, а Red Notice, кој веќе втора недела го држи првото место, корисниците го имаат гледано скоро 130 милиони часови, само во изминатата недела.
Netflix исто така објави е Топ 10 листа на најгледани филмови надвор од неделните листи, а оваа листа е направена според тоа колку часа од филмот се гледани во првите 28 денови од пуштањето.
На првото место во оваа листа е Bird Box, второто го држи Red Notice, а третото исто така одличниот филм Extraction.
Листата можете самите да ја разгледате на следниот линк.