Според информации од Bloomberg, Netflix планира да почне да ја користи технологијата од OpenAI за на корисниците им овозможи подобар начин за пребарување на содржината од овој познат сервис.
Оваа новина изгледа дека сега се тестира во Нов Зеланд и Австралија, а од компанијата често во мал број на земји и со ограничен број на корисници ги тестира новините пред да ги пушти во повеќе земји, а на крајот за сите корисници.
Користењето на технологијата од OpenAI се очекува дека на корисниците ќе им овозможи пребарување кое не вклучува само внесување на наслов или име на актер.
Како што веќе повеќето се научени да го користат ChatGPT за пребарување на било која тема, изгледа сега овој начин ќе може да се користи и на Netflix.
Тоа значи дека корисниците ќе можат да напишат што е тоа што им се гледа, па резултатите од пребарувањето да бидат пуштени врз основа на „разбирање“ на барањето на корисниците.
Доколку оваа новина биде пуштена официјално за сите, дефинитивно ќе го олесни процесот на откривање нешто добро за гледање на Netflix, нешто што сега знае да биде сложен процес.
Од компанијата веќе користат еден вид на вештачка интелигенција за учење на вкусот на корисниците врз основа на тоа што гледаат, но интеграција на „ChatGPT“ кај пребарувањето, ќе направи доста голема разлика.