Нова сезона на фалената серија Сакај ме (Love me), хумористична австралиска серија Наопаку (Upright), британската мини серија Доктор Торн (Doctor Thorne) се само некои од новитетите оваа есен на Pickbox NOW. Искуството за избор и следење на сериите од неодамна е подобрено благодарејќи му на сосема новиот дизајн на апликацијата достапна на ЛГ вебОС и АндроидТв уредите, а наскоро ќе биде достапна и на Самсунг ТИЗЕН уредите.
Pickbox NOW за есенва подготви голем број новитети:
Наопаку (Upright) – австралиска хумористична серија

Двете сезони на острата црна комедија Наопаку се вртат околу двајца аутсајдери кои судбината ги одвела на животно патување. Лаки е музичар, а Мег е тинејџерка која побегнала од дома. Откако буквално меѓу себе си упаѓаат во животите, тие се обидуваат да пренесат исправено пијано преку јужната австралиска дивина до смртно болната мајка на Лаки во неговиот роден град Перт. Се работи за вистински скапоцен камен за маратонско гледање чија ѕвезда Тим Минчин воедно е извршен продуцент, сценарист но и композитор на музиката.
Сакај ме (Love Me) – втора сезона на неочекуваниот љубовен хит на годината

Фантастичната австралиска серија Сакај ме доаѓа со втората сезона. Овој неочекуван љубовен хит на годината е трогателна драма за љубовта и загубата. Во главните улоги ќе ги гледаме родената белграѓанка, одличната актерка Бојана Новаковиќ, како и згодниот австралиски актер Боб Морли. Духовита, софистицирана и искрена, серија што им ја препорачуваме на сите.
Доктор Торн (Doctor Thorne) – мини серија за раскошот на британското високо општество

Од креаторот на хит серијата Даунтонска опатија, доаѓа нова историска мини серија за раскошот, сплетките и љубовните триаголници во високото општество. Мери Торн расте под старателство на својот вујко, доктор Торн. Голем дел од своите формативни години ги поминува во друштво на семејството Гришам на имотот Гришамсбери Парк. Како што се доближуваат до светот на возрасните полн со грижи и одговорности, финансиските проблеми на семејството Гришам ќе влијаат на односите на сите.
Трик на исчезнување (The Vanishing Act) – заснована на вистинска приказна за измамничка

Австралиска мини серија за богатството, измамата и исчезнувањето која се заснова на вистинска приказна за врвната измамничка Мелиса Кедик која наводно проневерила 40 милиони долари пред да исчезне во ноември 2020. Тајните и теориите на заговор се главни нешта во оваа приказна којашто ќе го заинтригира секого.
Глава (The Head) – една од најдобрите меѓународни серии на годината

Глава е шпанско-јапонска психолошка трилер серија на англиски јазик, проткаена со необјасниви мистерии и морничави тајни на мистериозниот Антарктик. Угледното списание Варајаети го нарече овој полнокрвен трилер една од најдобрите меѓународни серии на годината. Мал тим, познат како Презимувачи, останува преку зимата на антарктичката истражувачка станица Поларис 6 за да го продолжи своето иновативно истражување, клучен дел во борбата против климатските промени, под раководство на познатиот биолог Артур Вајлд (Џон Линч). Но кога ќе дојде пролетта, летниот заповедник Јохан Берг (Александер Виљем) се враќа во станицата само за да открие дека целиот тим е мртов или исчезнат.
Нова скандинавска серија
Извонредните скандинавски квалитетни нови серии доаѓаат на Pickbox NOW во соработка со нордискиот стриминг сервис Viaplay.
Викај ме тато (Call me Dad) – хумористична данска серија за необични семејни врски

Алекс Хог Андерсон се катапултираше до меѓународната слава со својата улога на Ивар Без коски во долгогодишната хит серија Викинзи, а сега осмисли нова серија во која ја игра главната улога. Засновано на идејата на вистинските пријатели Андерсен Хогард, дејството се врти околу долгогодишните пријатели Емил и Виктор. Кога ќе излезе дека Виктор е во врска со мајката на Емил, сцената е поставена за необично семејно соочување.
Архитектка (The Architect) – норвешка мини серија за мрачната блиска иднина

Се опишува како остро набљудувана сатира за премногу блиската иднина во којашто дроновите ги шетаат кучињата, а престојот на јавен простор мора да се плати. Оваа црна комедија е идеална за сите љубители на квалитетни европски серии. Во фокусот на приказната е младата архитектка Јули која живее и работи во Осло, но и покрај тоа што има работа, едвај спојува крај со крај. Кога проектот за изградба на илјада станови во Осло е објавен на конкурс, Јули има идеја: зошто да не ги претвори празните подземни паркиралишта во станбени згради?
Крајот на летото (End of Summer) – крими сканди серија со непредвидлив заплет

Заснована на бестселерот на Андерс де ла Моте, оваа крими сканди серија се врти околу исчезнувањето на 5-годишниот Били. 20 години подоцна, неговата сестра Вера, сега советничка за жалење, запознава момче чија приказна и изглед многу ја потсетуваат на приказната и изгледот на нејзиниот исчезнат брат. Таа се враќа дома за да најде одговори. Вера е одлучна да открие што навистина му се случило на Били, иако нејзината одлучност да ја открие вистината не ја дели целото нејзино семејство. Ништо не може да ја подготви Вера за тоа колку ќе биде потресна вистината.
Фурија (Furia) – нордиски крими ноар

Полицаецот Асгер се сели во идилично гратче во западна Норвешка. По еден локален судир, Асгер наидува на таинствената жена Рагна, а набрзо и двајцата се фатени во мрежата на радикалните десничарски сили во Европа.
Но тоа не е сè…
Во текот на есента доаѓаат и филмови кои ќе ја освежат филмската понуда на Pickbox NOW – во главните улоги се Зои Кравиц, Џејсон Момоа, Џина Родригез, Брус Вилис, Џејсон Стетам, Ричард Гир, Клер Дејнс и бројни други актерски ѕвезди.