Овој стриминг сервис нуди бројни британски крими-серии, квалитетни европски филмови, а за потоплите денови ви ја препорачуваме австралиската серија Барони, серија Сакај ме, американската комедија Женкар со Ештон Качер и уште неколку летни деликатеси.

АВСТРАЛИСКА СЕРИЈА ЗА СУРФЕРСКАТА КУЛТУРА

Во Австралија во 1971 година, група најдобри пријатели го живее својот сурферски сон на сончевите плажи. По пат откриваат дека дури и во рајот постојат судири, алчност и токсична амбиција. Сместена во време на сексуалната револуција и големите општествени промени, серијата Барони (Barons) го одбележува единствениот момент на пресврти и можности кога се судираат новата сурферска контракултура и духот на претприемаштвото.

СЕРИЈА ШТО ВООДУШЕВУВА СО ЛИКОВИТЕ И ИЗОПАЧЕНИОТ ХУМОР

Се работи за Сакај ме (Love Me), одличната, а понекогаш и исклучително хумористична драма која се занимава со современите љубовни проблеми на тројцата членови на семејството Матиесон. Клара, Глен и Арон се во различни стадиуми од животот и на сосема различни начини се обидуваат да ја пронајдат љубовта. Духовита, софистицирана и искрена, оваа серија се занимава со истражување на љубовта во сите нејзини облици. Исто така, таа нè потсетува на тоа дека сите сме подеднакво несовршени и подеднакво прекрасни.

АМЕРИКАНСКА СЕКС КОМЕДИЈА ЗА ЗАВЕДУВАЊЕ

Во фокусот на приказната на американската секс комедија Женкар (Spread) е нарцисоидниот жиголо Ники (Ештон Качер). Тој живее во Лос Анџелес, талкајќи од една врска во друга без постојана работа или дури место за живот. Тој ги лови жените кои можат да го издржуваат. Откако ја запознава Саманта во клубот, се преселува кај неа, користејќи го својот изглед и сексуална моќ за да ја усреќи.

РОМАНТИЧЕН ФИЛМ ЗА СПАСУВАЊЕ НА ПРИРОДАТА

Во топлиот романтичен филм Љубов кај коралниот гребен (Love On The Reef), паметниот и сериозен морски биолог Лијам и забавната и опуштена инструкторка по нуркање Исла, мораат да се здружат за да го спасат својот сакан корален гребен од уништување пред да биде предоцна.

ФИЛМ ЗА РАСТЕЊЕТО И ЉУБОВТА

Американскиот филм Прошетка за паметење (A Walk To Remember) е филм за растење и љубов кој ќе го стопи вашето срце. Го следиме Лендон Картер, главен фраер во средното училиште Бјуфорт сè додека малтретирањето на новиот ученик Клеј не се претвори во трагедија. Откако Клеј е сериозно повреден, на Лендон му е понуден избор – исфрлање од училиштето или вклучување во неколку проекти кои вклучуваат држење инструкции преку викенд, должности на домар и учество во училишната претстава. Лендон го избира последното и по пат се спријателува со Џејми Саливан, ќерка на локалниот баптистички свештеник.

РОМАНТИЧНИ ФИЛМСКИ ДЕЛИКАТЕСИ ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛОТО ЛЕТО

Во текот на јуни на Pickbox NOW доаѓаат и 12 нови летни филма. Филмовите како Љубовни совети (Love Hacks), Љубовен заплет (Romantic Rewrite), Вљубени во дивината (Love Upstream) и Наследство на љубовта (Heart Of The Manor) ќе го разбудат расположението за летни љубови и романси. Најновите летни филмови најдете ги тука.

Уживајте во летните филмови и серии на Pickbox NOW.

Претходна статијаOpera ја пушти новата генерација од нивниот прелистувач базирана на вештачка интелигенција
Следна статија1080p Premium квалитетот на YouTube почнува да станува достапен на Android