Неверојатни вести доаѓаат од Pickbox – доаѓаат нови скандинавски ноар серии од популарниот стриминг сервис Viaplay. Од 1 декември гледајте еден куп нови серии, крими, драма, романтика, а доаѓаат и историски документарци. Ќе издвоиме само некои од сериите кои доаѓаат од понудата на Viaplay Select, како што е данската крими серија Се надеввам дека среќно стигна дома (Where Were You?), норвешката крими серија Фенрис: Големиот волк (Fenris) и шведската драмска серија Хармоника (Harmonica).
Данската крими серија Се надеввам дека среќно стигна дома (Where Were You?)
Данската крими серија Where Were You (2022 – ) е сосема свежа и интригантна нова серија. Во фокусот на приказната е 16-годишната Луис (Филипа Наварана) чиј живот се превртува наопаку кога нејзината најдобра пријателка Моника (Маја Ида Тиле) во нивното средно школо ќе ја силува непознат напаѓач. Луис е одлучна да го најде силувачот, но работата се компликува кога излегува дека се работи за Таис (Вилмер Трир Богер) во кого таа е тајно вљубена. Серијата е трогателен и напнат портрет на времето во кое се спојуваат пријателствата, сексот, општественото наследство и соништата за иднината.

Оваа напната данска серија на многу интересен начин прикажува како влијае злосторството врз група пријатели и нивното школо, како гласините се шират со брзина на молња, а и нè потсетува на фактот дека не одлучуваш секогаш кога ќе пораснеш.
Норвешката серија Фенрис: Големиот волк (Fenris)
Интензивната и атмосферична драмска крими серија Fenris (2022 – ) се врти околу исчезнувањето на едно дете од мал норвешки град кој се наоѓа на границата со Шведска, и познат е по тоа што во него живеат волци. Кога момчето ќе исчезне, веднаш почнуваат гласините дека за тоа се одговорни волците. Биологот Ема Саломонсен (Ида Елисе Брох), која е таму во посета, ја открива крвавата јакна на момчето во куќата на својот татко Мариус (Магнус Крепер: ‘Кралица на срцето’), контроверзен истражувач на волци – а кога и Мариус ќе исчезне, Ема е присилена да се потпре на своите инстинкти и разбирање на волците за да ја открие мрачната вистина.

За улогата на Ема, норвешката актерка Ида Елисе Брох кажа:„Бев целосно обземена кога првпат го прочитав сценариото. Беше толку возбудливо што едноставно не можев да се оттргнам од него. Ема е енигма, таа е непристапна и многу комплексна.“
Шведската драмска серија Harmonica (Хармоника)
Шведската драмска серија Harmonica (2022 – ) се врти околу брачниот пар Хари (Јонас Карлсон) и Моника (Жозефин Борнебуш). Имено, пред шеснаесет години, Хари и Моника живееле со блескав живот свирејќи во големи арени со својот бенд “Хармоника“. Сега нивниот брак е во криза, а кога им е понудена носталгична турнеја, Моника му поставува ултиматум на Хари. Турнеја или развод. Интересна, автентична и свежа, новата шведска серија Harmonica секако е наша препорака.

Еден куп нови скандинавски серии, а и многу повеќе од тоа, гледајте од 1 декември на Pickbox NOW, во категоријата Viaplay Select.