Гледајте ја премиерата на италијанската серија Тоти (Еден капитен) за фудбалерот Франческо Тоти само на Pickbox СЕГА од 15 ноември!Оваа феноменална спортска серија е снимена во 2021 година и ги следи последните денови од кариерата на славниот италијански фудбалер Франческо Тоти.
ПРОБЛЕМИ ВО ФУДБАЛСКИОТ РАЈ
Франческо Тоти е крал и идол, капитен на фудбалскиот клуб Рома. Играл само за тој клуб, а неговата блескава кариера вклучува освојување на Светското првенство и неверојатна база на навивачи што го обожаваат. Сега, на прагот на своите четириесетти, веќе не е фудбалерот што бил.
Тоти (Пјетро Кастелито) знае дека се ближи времето кога ќе мора да се повлече, но се надева дека ќе може да игра уште некоја година. Враќањето на тренерот Лучијано Спалети (Џанмарко Тоњаци) во клубот ги загрозува неговите планови. Спалети, некогаш негов голем обожавател и пријател, доаѓа како поинаков, поагресивен човек, поради што Тоти мора да се бори да продолжи да игра, но и да се збогува со фудбалот по свои правила.
СПОРТСКА СЕРИЈА СО ЕЛЕМЕНТИ НА ЛУД ХУМОР
Оваа италијанска серија ја раскажува приказната од перспектива на Тоти, критикувајќи ги изборите на Спалети без премногу да ги демонизира. Фокусот е на длабоката човечка драма што ја доживува шампион како Тоти.
Меѓу постојаните скокови во минатото, приказната следи и некои од основните фази на славната кариера на капитенот – од неговиот прв контакт со топката во детството и младинските клубови до Светското првенство во 2006 година. Ќе уживаат и навивачите на Тоти, сите љубители на фудбалот, но и оние што никогаш не одбиле здрав „трач“. Имено, следејќи ги луѓето блиски до Тоти, пред се жена му Илари, серијата следи разни настани и внатрешни драми.

Интересна спортска драма со куп комични елементи, како затвореник што решава да остане подолго вo затвор за да се сретне со капитенот Тоти, ќе ги воодушеви сите љубители на фудбалот, но и оние што сакаат интересна приказна и карактеристични ликови. А токму таков е Франческо Тоти, капитенот на фудбалскиот клуб Рома.
Гледајте ја италијанската спортска драмска серија за италијанскиот великан Тоти премиерно само на Pickbox СЕГА од 15 ноември.