Фото: Shutterstock.com

YouTube оваа недела за корисниците кои плаќаат за Premium пристапот најави пет нови експериментални функции кои корисниците можат да ги пробаат. Експерименталните функции се една од предностите на YouTube Premium претплатата, а со истите корисниците добиваат пристап до новини кои се’ уште не се пуштени официјално за сите. 

Главната новина, која не е дел од петте нови функции, е можноста да се вклучат повеќе од една експериментална функција која е моментално достапна. Тоа значи дека корисниците сега ќе можат да тестираат повеќе функции, кои најчесто се навистина корисни. 

Првата новина донесува можност за вклучување на аудио со повисок квалитет, поточно до 256kbps на музичките видеа на YouTube. Овој квалитет, иако не може да се спореди со повисокиот квалитет на некои од музичките сервиси, веќе е достапен на YouTube Music, а на корисниците ќе им биде достапен само преку мобилната апликација од сервисот. 

Корисниците на iOS добиваат можност да гледаат Shorts видеа преку слика-во-слика режимот, односно ќе можат да го гледаат видеото во намалена форма додека користат други апликации. 

Третата новина исто така е за корисниците на iOS, кои ќе можат да ја вклучат „Smart downloads“ функцијата и за Shorts видеата, а со тоа истите ќе можат да ги гледаат и без интернет конекција. 

Одличната „Jump ahead“ функција сега доаѓа и на веб, а истата на корисниците им овозможува да прескокнат дел од видеото и да бидат однесени понапред во дел до кој повеќето други корисници продолжуваат да го гледаат видеото. Ова е одлична функција со која може да се прескокнат „досадните“ делови од видеата. 

Последната, односно петта новина е можноста да се гледа видеото преку мобилната апликација со до 4 пати поголема брзина од стандардната. 

Сите овие новини им се достапни на YouTube Premium корисниците веднаш, а можат да ги вклучат преку https://www.youtube.com/new страната. 

ИЗВОРYouTube
Претходна статијаMicrosoft повторно го ребрендира Office пакетот на апликации
Следна статијаБелата Куќа преговара Oracle заедно со уште неколку инвеститори да го купат мнозинскиот удел во TikTok
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.