Фото: Shutterstock.com

Google најде уште едно место каде што може да ги „бутне“ своите реклами на нивниот YouTube сервис. На ред за реклами е времето кога видеото е ставено на пауза, а од тоа што може да се види, не прави разлика од кој вид на уред се гледа. 

Гледањето на YouTube без Premium претплатата е станато скоро неподносливо, а како што гледаме работите нема да се подобрат. 

Прикажувањето на реклами додека видеото е паузирано е дури и добра работа, но ќе беше уште подобра доколку дојдеше на сметка на бројот и должината на реклами во другите делови, односно ситуации. 

За оваа новина има потврда и од YouTube, па за The Verge од сервисот истакнуваат дека за време на тестирањето имале доста добри реакции од огласувачите, а и од гледачите. Целта е да со прикажувањето на реклами за време на паузирањето на видеата, корисниците бидат помалку прекинувани. 

Нема информација кога оваа новина ќе биде пуштена кај сите корисници, но може да се очекува наскоро.