Фото: Shutterstock.com

YouTube започна со мала промена на корисничкиот интерфејс на видеата кога истите се пуштени за гледање. Аглите на видеата сега се заоблени, а со тоа тие го добиваат стилот кој веќе одреден период е применет кај предлозите од страна, како и копчињата под видеото.

Оваа промена се однесува за десктоп верзијата од сервисот и ќе им стане достапна на сите корисниците во периодот што следи, а процесот е веќе започнат.

Со заоблувањето на аглите на видеото, страната сега изгледа целосно унифицирано, а и нас лично навистина ни се допаѓа и се чудевме зошто од компанијата не ја направат оваа промена.

Очекувано и логично, аглите повторно ќе бидат вратени во стандардниот формат доколку корисникот го зголеми видеото во „theater“ режим или на целиот екран.

Информацијата за промената е потврдена за The Verge, па ако веќе не ја гледате, тоа ќе се случи во наредните неколку денови или недели.

ИЗВОРAndroid Police
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаНеофицијални карактеристики на Exynos 2400 ги зголемуваат очекувањата за враќање на овој чип кај Galaxy S24 серијата
Следна статијаWhatsApp сака да го олесни и забрза праќањето на слики и видеа кои може да бидат видени само еднаш
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.