Фото: Shutterstock.com

Веќе можевме да прочитаме за оваа промена, а сега истото повторно го најавува Марк Гурман, со што може да се смета дека шпекулациите ќе испаднат точни. 

Според информациите, Apple планира да го подели претставувањето на нови iPhone модели, наместо како досега еднаш годишно, на два пати годишно. Поради тоа, идната година можеме да очекуваме дека на септемврискиот настан ќе бидат претставени три модели, односно iPhone 18 Pro, iPhone 18 Pro Max и сѐ уште неофицијалниот iPhone на преклоп. 

Моделите кои се без Pro ознаката ќе биде претставени околу шест месеци подоцна, односно во првата четвртина од 2027 година ќе бидат претставени iPhone 18, iPhone 18e, како и втората генерација од iPhone Air. 

Во објавата Гурман ги негира неофицијалните информации дека Apple можно е да не претстави втора генерација од iPhone Air, поради слабата продажба на уредот. Според него, Apple никогаш и не очекувале голема продажба на овој модел кој повеќе е тука да ја прикаже технологијата на чија основа ќе биде развиен iPhone Fold. 

Поради тоа телефонот не беше наречен iPhone 17 Air, односно не беше поврзан со оваа серија, а со тоа се остави простор да не се очекува втора верзија со претставувањето на iPhone 18 Pro серијата.

Гурман во оваа објава повторно истакнува дека после години на слаби новини, наредните неколку години ќе донесат доста новини кај iPhone, а покрај првиот на преклоп, за 2027 се најавува и целосно редизајнирана верзија која нема да има рамки и предната камера ќе ја има под екранот.