Screenshot+2015-10-12+10.31.59

Веќе пишувавме за Blackphone, телефонот кој ве држи заштитени од шпионажа, а сега еве го првиот поголем конкурент, во производство на францускиот Archos, кој досега ни беше познат по евтините Android телефони и таблети.

GranitePhone е инаку стандарден паметен телефон, со спецификации кои сигурно нема да ви ја зовријат крвта – во внатрешноста е вграден Snapdragon 615 процесорот, помогнат од 2 GB рам меморија и 16 GB простор за скадирање податоци. Екранот мери 5 инчи во дијагонала и има солидна Full HD резолуција, додека батеријата има капацитет од 2700 mAh. Камерите се 16 мегапиксели назад и 8 мегапиксели напред.

Сепак, овој телефон нема да го купите за перформансите кои ги нуди. Софтверот кој е вграден е целосно енкриптирана верзија на Android направена од Sikur, наречена GraniteOS. Овој оперативен систем е првиот кој целосно ги енкриптира сите типови на комуникација кои ги правите со телефонот, од повици и пораки, па се до email, контакти итн.

Ова пак значи дека во телефонот нема да се вградени сервисите на Google, како Play Store, што значи дека апликации ќе мора да инсталирате од некој друг пазар, или пак со .apk датотеките директно во телефонот.

Најголем недостаток на телефонот сепак не е тоа што нема Play Store, туку цената, која изнесува 850 долари! За истите пари можат да се купат најдобрите телефони на некој од етаблираните производители и дури да остане нешто на страна. Но, ако сте загрижени за вашата приватност, веројатно и немате друг избор.

Извор: The Next Web, Engadget

Претходна статијаMicrosoft ќе одлучува кога корисниците ќе ги добиваат надградбите на Windows 10 Mobile
Следна статијаДостапен Windows 10 Insider Preview 10565 со интегрираната Messaging апликација