ZenFone-Selfie_1

Веќе видовме неколку различни паметни телефони, кои тврдат дека ја имаат најдобрата селфи камера, а сега во сите тие го има и Asus, кој е прилично агресивен во мобилната телефонија последнава година, што најдобро го покажува и со овој нов уред.

Камерите на ZenFone Selfie се со иста резолуција и напред и назад и тоа солидни 13 мегапиксели, со сензор кој е наречен PixelMaster и кој треба да извади поостри фотографии. И двете камери се опремени со Dual LED блицови, кои ќе се погрижат бојата на кожата да не ви изгледа бледо кога ќе се сликате навечер, туку да ја задржи природната боја. Исто така, леќата на предната камера е исклучително широка и може да покрие агол од 88 степени.

ZenFone-Selfie

Задната камера има и супер брза бленда од f2.0, за подобри слики без блиц навечер, а е опремена и со ласерски автофокус систем, кој треба да овозможи супер брзо фокусирање.

На софтверската страна, Asus има вградено неколку апликации кои дополнително треба да ги подобрат селфи фотографиите, како ZenUI Beautification мод и Selfie Panorama мод, кој како што вели името, прави голема селфи панорама, која може да ги опфати сите ваши пријатели.

Инаку, ZenFone Selfie е опремен со 5,5 инчен екран со Full HD резолуција, што не е на нивото на најдобрите, но и натаму е солидно, додека во внатрешноста работи осум јадрениот Snapdragon 615 процесор на Qualcomm. Цената на ZenFone Selfie се уште не ни е позната, но според тоа колку чинат другите телефони во понудата на Asus, би требало да е поевтин од конкурентите.

Извор: Asus, Techno Buffalo

Претходна статијаПовикувајте такси со Моето Такси за Android
Следна статијаAsus претстави четири нови ZenPad таблет компјутери