Моделот SM-S942B, кој најверојатно е Galaxy S26 за меѓународниот пазар, се појави на Geekbench со Exynos 2600 и графичкиот процесор Xclipse 960. Ова е првпат чипот да се појави во финален уред наместо во претходни прототип тестови.

Во графичкиот дел (Vulkan API) уредот наводно постигнува резултати меѓу 19.825 и 24.726 поени – многу блиску до границата од 25.000, што е практично на исто ниво со резултатите на Snapdragon 8 Elite Gen 5 (околу 25.083 поени). Ова покажува дека Samsung сериозно ја подобрил графичката страна на својот 2nm процесор.

Конфигурацијата на CPU е десет јадра со три кластера:

  • 6 × 2.76 GHz  
  • 3 × 3.26 GHz  
  • 1 × 3.80 GHz  

Досега немаме официјални резултати од овој конкретен уред, но прототип тестови претходно покажаа дека Exynos 2600 може да се доближи до перформансите на актуелниот и најдобар Snapdragon.

Samsung повторно оди со хибридна стратегија за серијата Galaxy S26:

  • Galaxy S26 и S26+ – Exynos 2600 во голем дел од светот.   
  • Galaxy S26 Ultra – исклучиво Snapdragon 8 Elite Gen 5 глобално  

Очекуваното претставување на серијата е 25 февруари 2026 во Сан Франциско, а првата продажба најверојатно ќе започне на 11 март.

Со оглед на силниот графички резултат, сега сите погледи се насочени кон перформансите на процесорот на Exynos 2600, односно дали конечно ќе се намали разликата со Snapdragon на начин што ќе ги задоволи и најкритичните корисници?