Фото: Droid Holic
Освен информацијата дека Samsung ќе го продава одличниот Note 7 во refurbished варијанта со исправени грешки кои предизвикаа проблем со батеријата на оригиналниот модел, се останато што можеме да прочитаме е во рамките на неофицијалното.
Сепак, се работи за доста посакуван модел од корисниците, а информацијата дека ќе се продава по половина од цената на оригиналниот модел, заинтересира голем број на фанови на Samsung.
Најнова информација, повторно неофицијална, пак говори дека Note FE сепак нема да има ниска цена како што се надеваат фановите. Локален продавач на мобилни телефони од Кореа, тврди дека цената по која што ќе биде достапен овој модел, барем во таа земја, ќе изнесува околу 600 долари.
Оваа цена е за околу 200 долари пониска од оригиналниот модел, што е далеку од очекуваната цена за половина пониска.
Сепак, можеби не беше реално да се очекува дека еден ваков модел ќе се продава по толку ниска цена, нешто што може и да влијае на продажбата на останатите модели од компанијата.
Извор: BGR, TechnoBuffalo