Galaxy Unpacked настанот, на кого ќе биде претставена Galaxy S24 серијата, ќе се одржи на 17 јануари, односно идната среда. Местото на настанот оваа година е Сан Хозе, а за тие кои не се таму, преносот во живо ќе биде достапен преку YouTube како и секоја година, со почеток во 19:00 часот.
Повеќе пати досега можевме да прочитаме дека Samsung планира да се врати на претходната практика на поделба на чипот кој го користи според региони, па обично во Европа Galaxy S серијата доаѓа со Exynos чипот од компанијата.
За Galaxy S24 се очекува дека ќе дојде со Exynos 2400, односно европските корисници на Galaxy S24 и Galaxy S24+ ќе го добијат овој чип, додека Galaxy S24 Ultra ќе работи на Snapdragon 8 Gen 3 без разлика од регионот.
Неофицијалните информации и тестови покажуваат дека Exynos 2400 треба добро да се покаже овој пат, па тој наводно е само 3-5% послаб во перформансите од Snapdragon 8 Gen 3, односно двата основни модели од Ultra моделот.
Информациите доаѓаат од WinFuture кои истакнуваат дека посебната верзија од Snapdragon за Galaxy уредите ќе биде достапна и оваа година. Snapdragon 8 Gen 3 ќе дојде со нешто поголема фреквенција на главното јадро во споредба со чипот за другите уреди, а можно е мало намалување на фреквенцијата на другите јадра.
Во основа се работи за два моќни чипови, па очекувањата се дека оваа година нема да прави разлика кој чип е достапен во кој регион, а корисниците можат да очекуваат перформанси на ниво на iPhone, па ќе видиме.