Веќе неколку години работите одат во овој правец, па веќе сигурно може да се каже дека помина времето кога iPhone беше очигледно „побрз“ од своите Android конкуренти.
Разликата беше доволно голема да не беа потребни тестови за да се докаже истата, па корисниците можеа самите да ја видат при нормално користење.
Поновите Snapdragon чипови сепак почнаа да се приближуваат до чиповите од Apple, а неофицијалните тестови за најновиот Snapdragon 8 Elite покажуваа дека тој конечно го има и поминато најновиот чип од Apple, односно веќе ланскиот A18 Pro.
Ова сега може да се каже дека дефинитивно е потврдено и во пракса, а покрај корисниците кои можат и самите да ја забележат брзината на работа на Galaxy S25 Ultra, тука е и видеото од познатиот YouTube канал „PhoneBuff“.
Во видеото се тестира брзината на отворање на апликации, работа со апликации, како што се тие за измена на слики и видеа и слично.
Треба да се истакне дека Galaxy S25 Ultra, кој работи на изменета верзија од Snapdragon 8 Elite за Galaxy, доаѓа со нешто повисока фреквенција на процесорот, има 12GB RAM, односно 4GB повеќе од iPhone 16 Pro Max и користи UFS 4.0 во споредба со NVME кај iPhone.
Видеото е во продолжение и можете да го погледнете.