Фото: Samsung

Скопје, 6 април 2026 година – Компанијата Самсунг („Samsung“), глобален партнер на Лигата за Уличен Скејтбординг (Street League Skateboarding – SLS), објави дека Galaxy S26 Ultra за првпат беше искористен за снимање во живо на натпреварот на лигата, кога го сними настанот „SLS DTLA Takeover“ на 4 април. Професионалната камера на Galaxy S26 Ultra ја редефинира улогата на мобилните уреди во спортот, нудејќи свежо визуелно искуство на скејтбординг кое го одразува интензитетот на самиот спорт.

Спортското емитување еволуира, приближувајќи ги навивачите до искуството со тоа што камерите се приближуваат кон акцијата. „Samsung“ го поттикнува овој пресврт со Galaxy системот за камери и неговата способност да работи со перформанси на ниво на емитување, преку спојување на поврзаноста и мобилноста. На почетокот на оваа година, водечкиот Galaxy уред беше искористен за пренос во живо на церемонијата за отворање на Зимските Олимписки Игри Милано Кортина 2026, каде што „Samsung“ соработуваше со Олимпискиот Сервис за пренос (Olympic Broadcasting Services – OBS) за да вгради Galaxy уреди низ целата локација на една од најголемите спортски сцени во светот. Резултатот беше нов слој на визуелно раскажување приказни, со доловување на динамични перспективи кои го надополнија традиционалното медиумско покривање. Овие можности беа проширени и на настанот Galaxy Unpacked 2026, прикажувајќи ја неговата способност да обезбеди снимање и пренос на видео со професионален квалитет.

Сега, „Samsung“ ја предводи оваа трансформација во натпреварите во скејтбординг со вградување на Galaxy S26 Ultra директно во клучните елементи на патеката, вклучувајќи шини, ивици и пречки, низ целата сезона на „SLS 2026“, целосно проширувајќи го Galaxy аголот на гледање (point of view – POV) за првпат претставен на „SLS Сиднеј 2026“. 

„Мобилната иновација отвора нови можности за тоа како спортовите се снимаат и доживуваат”, изјави Џошуа Чо (Joshua Cho), Извршен Потпретседател и Раководител на тимот за визуелни решенија, бизнис за мобилно искуство (Mobile eXperience – MX) во „Samsung Electronics”. „На Милано Кортина покажавме како технологијата на Galaxy може да ги надополни традиционалните системи за емитување. Со ’Street League Skateboarding’, го носиме истиот пристап директно на патеката со нашата најнова, најнапредна камера на уред и користиме мобилен агол на гледање (POV) за да го снимиме скејтбордингот од сосема нови перспективи.”.

Фото: Samsung

Вградени низ целата патека, уредите обезбедуваат перспективи од ниво на скејтер, нудејќи агли кои традиционалните системи за емитување често не можат да ги доловат. Ова снимање се пренесува директно во работниот тек на продукцијата во живо, овозможувајќи речиси моментално премотување и нудејќи им на гледачите свежо визуелно искуство кое го одразува интензитетот на самиот спорт.

Од брзината до прецизноста на секое слетување, скејтбордингот се дефинира со детали кои често се губат од далечина. Со мобилни камери поставени директно на патеката, „Samsung“ го реосмислува начинот на кој се доживува спортот, приближувајќи ги навивачите до секое движење во воздухот, превртување на скејтбордот и приземјување. Овие нови перспективи нудат подлабок увид во техниката, тајмингот и контролата, истовремено зајакнувајќи ја врската помеѓу навивачите, спортот и спортистот.

Опремен со најнапредниот мобилен систем за сликање на „Samsung“ досега, Galaxy S26 Ultra е дизајниран да работи во брзи, непредвидливи средини, исто како и самите спортисти. Обезбедува професионални перформанси на камерата и висококвалитетни снимки во широк спектар на услови за снимање, со подобрена стабилизација, интелигентна обработка и способност да се одржи јасност во услови на слаба осветленост или голема брзина. Ова ѝ овозможува на камерата на Galaxy да работи заедно со конвенционалните камери, притоа одржувајќи јасност, стабилност и детали во простори до кои традиционалните камери за емитување не можат лесно да пристапат.

Поставувањето на уредите Galaxy S26 Ultra го следи ритамот и текот на секое поминување на патеката, откривајќи го стилот, брзината и прецизноста на секој трик. Функциите на Galaxy исто така ги прошируваат креативните можности на продукцијата. Функциите како Super Steady со стабилизација со хоризонтално заклучување помагаат да се одржи гладок, нивелиран материјал дури и при движење со голема брзина, додека Instant Slow-Mo овозможува детално прикажување на триковите додека се случуваат. Заедно, овие можности им овозможуваат на продукциските тимови да го снимаат скејтбордингот со поголема јасност, стабилност и блискост, прикажувајќи ја прецизноста, стилот и техничката вештина зад секое движење.

Фото: Samsung

„Скејтбордингот досегнува до повеќе луѓе од кога било досега, особено како што овој спорт продолжува да расте на светската сцена”, изјави Брет Кларк (Brett Clarke), Главен оперативен директор на „Трил Спортс“ („Thrill Sports“), матичната компанија на „Street League Skateboarding“. „Соработките како онаа што ја имаме со ’Samsung’ ни помагаат да го развиеме начинот на кој спортот се споделува со фановите, притоа останувајќи верни на креативноста и културата што го дефинира скејтбордингот.”.

Дебито на интеграцијата на аголот на гледање на Galaxy S26 Ultra на „SLS DTLA Takeover“ е сигнал за насоката во која се движи спортското емитување. Како што продолжува турнирот „SLS Championship Tour“, „Samsung“ ќе продолжи да истражува како мобилната технологија може да се развие во разновидни алатки за емитување. Со поглед кон големите светски спортски настани и патот до Лос Анџелес 2028, оваа промена сугерира иднина во која границата помеѓу камерата на паметниот телефон и камерата за емитување продолжува да исчезнува, приближувајќи ги навивачите до акцијата.