Карактеристично за Google, ова не е првпат вака да направат, од компанијата објавија две видеа во кои ги прикажуваат дел од новите Pixel уреди кои треба да ги претстават идниот месец.
„Made by Google“ настанот е закажан за 13 август и ќе може да се следи во живо преку YouTube со почеток во 19:00 часот по македонско време.
На овој настан се очекува дека ќе ги видиме Pixel 9, Pixel 9 Pro и како што сега видовме уредот на преклоп со нешто поразлично име, Pixel 9 Pro Fold. Можно е претставување на уште некоја варијанта од смартфоните, а ќе видиме дали ќе има и нова верзија од часовникот од компанија и слушалки.
Двете видеа кои ги објавија од компанијата на YouTube се од Pixel 9 Pro и Pixel 9 Pro Fold. Од нив не може да се дознае нешто конкретно покрај делумно изгледот на уредите, а очекувано, од нив се гледа колку голем дел од настанот при претставувањето ќе биде посветен на вештачката интелигенција, односно Gemini.
Од тоа малку што може да се види се гледа дека Google го задржува карактеристичниот стил на Pixel уредите, но имаат направено доволно разлика за да не може да се каже дека изгледаат исто како ланските.
Настанот на 13 август треба да биде интересен, а секако ќе го следиме во живо.