hp-spectre-x2

Идејата со Surface серијата на Microsoft е да им покаже на другите производители како ги замислува уредите со Windows 10 оперативниот систем. Затоа, дизајнот на Spectre x2 не можеме да го наречеме копија, туку клон на „идеалниот“ Windows 10 уред.

Како и таблет/лаптопот на Microsoft и овој има посебен држач во задниот дел, но тој е сега само рамка, наместо цела „плоча“ која се извлекува од самиот таблет, со цел уредот да биде потенок. Ова му овозможува да се постави на маса и заедно со тастатурата да се користи како лаптоп. И како и кај Surface серијата и овој држач може да се подесува на многу различни агли.

spectre-x2-3_675403

Таблетот инаку има екран со големина од 12 инчи и резолуција од 1920х1080 пиксели, тежи само 830 грама и е опремен со Intel процесори од најновата Skylake генерација – m3, m5 и m7. Овие чипови се со пасивно ладење, што значи дека таблетот е целосно затворен, за разлика од Surface Pro 4 кој има вградена вентилација, но истите заостануваат делумно зад перформансите на чиповите од “i” серијата.

Spectre x2 ќе биде понуден во неколку различни изведби, со 4 или 8 GB рам меморија и SSD дискови од 128, 256 и 512 GB. Се уште нема информации за траењето на батеријата, но со оглед на тоа што процесорот е од најновата генерација, може да очекуваме околу 10 часа. На таблетот се вклучени и две USB Type-C порти, кои се користат и за полнење на таблетот, а секако има и простор за SD картичка. Позади е вградена специјална Intel 3D Real Sense камера.

spectre-x2-4_675403

Тастатурата е инаку со вграден тачпад и копчиња од „лаптоп“ класа и тежи дополнителни 400 грама, а доаѓа бесплатно, односно е вклучена во пакетот. Цената на ваквиот пакет изнесува 800 долари, што е за околу 200 долари помалку од еквивалентен Surface Pro 4 со тастатура.

Извор: Laptop Mag, Windows Central, The Verge

Претходна статија(Обновено) Кои би биле алтернативните копчиња на веќе старото Facebook Like?
Следна статијаРастенијата повикуваат предатори-спасители кога се загрозени