42222a51-579c-402c-b388-cbb6b3e89e1e

Surface серијата на Microsoft се покажа како исклучително успешна ($888 милиони промет минатата година) и покрај тоа што Windows 8.1 не беше особен успех. Сега, со Windows 10 и многу подобрувања, најновиот Pro модел не само што е подобар, туку буквално истапува неколку чекори пред конкуренцијата.

Под конкуренција мислиме на новите уреди на Apple (iPad Pro) и Google (Pixel C), кои буквално ја ископираа идејата за таблет со дополнителна тастатура и пенкалце од веќе четврта година по ред успешната Surface серија на Microsoft.

Новиот модел, Pro 4, нуди досега невидени перформанси во оваа класа, со моќни Intel процесори од “m” и “i” серијата од шестата, Skylake генерација, како и поголем екран и покрај тоа што се задржани истите надворешни димензии (рамката околу екранот е помала). Освен дебелината, која е сега помала – само 8,4 mm што е скоро преседан за модел со Intel процесор на кој му треба физичко ладење.

fb55676b-0995-46ad-8107-dda48123b181

Дисплејот сега брои 12,3 инчи во дијагонала и има извонредна резолуција од 2736х1824, односно 267 пиксели по инч, со сооднос на сликата од 3:2. Од Microsoft гордо го најавуваат како најдобар во класата и тоа не само во поглед на квалитетот на сликата.

Имено, со новата Pixel Sense технологија, која е целосно развиена од Microsoft, сигурни се дека овој уред ќе го нуди најдоброто искуство со допир и пенкалце од сите таблети досега. Самото пенкалце сега може да препознае 1024 нивоа на притисок, а има и пет понудени врвови за пишување, кои имитираат стандардно пенкало, четка, молив итн. И конечно, пенкалцето може магнетно да се прикачи на самиот лаптоп, што е одлично решение.

Целосно е обновена и тастатурата, која сега има нови копчиња со поголем простор меѓу нив и поголем од при кликање, што треба да понуди подобрено искуство. Тачпадот е исто така 40% поголем и сега може да препознава до пет различни прсти и е целосно оптимизиран за различните функции во Windows 10. На тастатурата има и читач за отпечатоци на прсти, кој работи со Windows Hello. Тастатурата е интересно компатибилна и со Surface Pro 3, поради истите димензии на уредот.

8065e2b1-033e-4786-848c-a175f1e2297b

Покрај тоа што куќиштето на таблетот сега е потенко, од Microsoft тврдат дека новиот модел има сериозни перформанси во внатрешноста. Ќе бидат понудени Intel m3, i5 и i7 процесори, со можност за 4, 8 или 16 GB рам меморија и 128, 256, 512 или 1 TB SSD простор за складирање податоци.

За да покажат колку овие компоненти се моќни, Microsoft украдоа од книгата на Apple и кажаа дека Surface Pro 4 е 50% побрз од MacBook Air. Ауч. И покрај помоќните компоненти, новиот Surface има 9 часа траење на батеријата со едно полнење, што е скоро исто како кај претходникот.

Surface Pro 4 има и подобрени камери – 8 мегапиксели назад и 5 мегапиксели напред. Не дека ќе фотографирате со Windows 10 таблет/лаптоп, но ниту тука уредот на Microsoft не заостанува зад конкуренцијата.

8e5e6088-fb35-40fb-9acc-d07ac5ed0a87

Сите овие подобрувања го ставаат Surface Pro 4 повторно пред новодојдените конкуренти, а особено поради софтверот – Windows 10 е целосен оперативен систем, со еко систем од професионални програми кои се уште не се надминати. Microsoft најавија дека 10-ката само ќе се подобрува и дека полека ќе мигрира кон “Cloud Computing”, што значи дека ваквиот уред нема брзо да стане застарен.

Цената на почетниот модел, со Intel m3 процесор, 4 GB рам и 128 GB SSD диск почнува од 899 долари, плус 130 долари за тастатурата (160 долари за тастатура со читач за отпечатоци) и ќе биде достапен од 26-ти октомври. За достапноста кај нас, сепак ќе треба веројатно да почекаме подолго и да се надеваме дека воопшто некој ќе го донесе уредот.

Извор: Windows Central, The Verge, Engadget

Претходна статијаСо Microsoft Project X-Ray претворете ја собата во видеоигра!
Следна статијаWindows 10 за мобилните ќе биде достапен од декември