HTC One M8 беше претставен при крајот на минатиот месец и е најновиот паметен телефон од високата класа, таканаречен телефон предводник, кој што треба да конкурира со исто така новите телефони како Samsung Galaxy S5, Sony Xperia Z2, LG G Pro 2 и слични. Доаѓа со подобрени перформанси и се разбира познатиот дизајн направен од алуминиум.
Според информации до кои што може да се дојде, HTC планира да претстави посебен модел од овој телефон кој што нема да биде направен од алуминиум, туку од пластика и поради тоа ќе се продава за доста пониска цена. Другите карактеристики на телефонот треба да останат исти, односно различен треба да биде само материјалот на изработка на надворешниот дел.
Цената по која што сега се продава HTC One M8 се движи од 700 до над 800 долари, а пластичниот модел се очекува да биде достапен по цена од 483 долари.
Дали за вас материјалот на изработка е доволно важен и дали за оваа ценовна разлика би го купиле пластичниот модел ?
Извор: GSMArena