Уште во април оваа година можевме да прочитаме дека Apple планира да го замени познатото копче за исклучување на звуците од телефонот, нешто по кое се познати iPhone телефоните од нивното претставување.

Ова копче, кое сега е во форма на преклопник, треба да стане вистинско копче со чие притискање ќе може да се избере што ќе се случи.

Вакво нешто од компанијата воведоа со ланскиот нов часовник, Watch Ultra, па оваа година се очекува дека „копчето за акција“ ќе биде донесено и кај Pro моделите од iPhone 15 серијата.

Дека овие гласини може да се точни дознаваме од кодот во најновата бета верзија од iOS 17 за програмерите. Во кодот се забележани функциите кои би им биде достапни на корисниците за копчето, а нив ги има девет.

Функциите ги вклучуваат следните девет можности: пристапност, кратенки, тивок режим, камера, сијаличка, фокус, лупа, преводи и гласовни белешки.

Како што може да се забележи, корисниците кои често го користат сегашниот преклопник за брзо исклучување на звуците, тоа ќе можат да продолжат да го прават, само во форма на копче.

За останатите, сега ќе има можност да се дојде до одредена функција за брзо време, па ќе може да се вклучи камерата, на пример или да се вклучи режим за спиење, а тука се и огромниот број на можности со креирањето на кратенки во Shortcuts апликацијата.

iPhone 15 серијата се очекува да биде претставена во септември, иако можевме да прочитаме една непроверена информација дека може да дојде до одложување од неколку недели, барем на продажбата на уредите.

ИЗВОРgHacks
ИЗВОР 2MacRumors
Претходна статијаОгласувачите на X (Twitter) кои нема да трошат најмалку 1000 долари месечно ќе го изгубат верификуваниот статус
Следна статијаGoogle ја прошири достапноста на Play Games на PC во повеќе земји
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.