Фото: Генерирана со ВИ

Првиот iPhone на преклоп се очекува да биде претставен оваа есен, поточно во септември со претставувањето на iPhone 18 Pro серијата. Иако овој уред сѐ уште не е официјално потврден, бројот и изворот на неофицијалните информации прават да работата е скоро сигурна. 

iPhone Fold, како што неофицијално се нарекува овој уред, треба да биде во стилот на „книга“, односно какви што се Galaxy Z Fold, Pixel Fold, Oppo Find N и другите, а како би требало да изгледа одлично ни прикажа Џон Просер. 

Уредот треба да има доста мал екран кога е затворен, барем според денешните стандарди, па надворешниот екран се очекува дека ќе дојде со големина од околу 5,5 инчи. За споредба, „помалите“ телефони денес имаат од 6,1 до 6,3 инчни екрани. 

Кога е отворен, iPhone Fold се очекува дека ќе има екран со големина од околу 7,8 инчи, што е доста слично со големината на iPad mini. 

Поради ова, Марк Гурман информира за нешто што е целосно очекувано, а тоа е дека кога ќе биде отворен, iPhone Fold ќе има кориснички интерфејс кој е доста поблизок со тој на iPad. 

Тоа значи дека Apple нема да дозволи поголемиот екран да прикажува само поголема и поширока слика од iOS, па корисниците ќе добијат кориснички интерфејс исто како да користат таблет. 

Со оваа промена, покрај другото, ќе се добие и можност за работа со две апликации во исто време, поставени една до друга, нешто што Apple не го планира за „обичните“ iPhone-и. 

Според информациите, Apple го има решено проблемот со линијата која се појавува на местото на превиткување на екранот, а оваа година се очекува дека повеќето конкуренти ќе го достигнат истото ниво. 

Со претставувањето на првиот iPhone на преклоп, се очекува и промена на распоредот на претставување на нови уреди од страна на Apple. Септември треба да остане како месец во кој се претставуваат „најдобрите“ телефони, што значи дека основните iPhone 18 телефони треба да се очекуваат за почетокот на 2027 година. 

И покрај тоа што ваквите уреди веќе не се нешто ново, влезот на пазарот од страна на Apple се очекува дека значително ќе го раздвижи, односно ќе ја зголеми популарноста на овие уреди.