Фото: Apple

Apple го претстави нивниот досега најтенок iPhone во септември, заедно со iPhone 17 серијата. iPhone Air, како што се шпекулираше, го замени не толку популарниот iPhone Plus модел, но изгледа од компанијата најдобро ќе беше да претставеа само три модели оваа година. 

Сите информации досега говореа дека iPhone Air не се продава ни приближно добро, иако на почетокот имаше доста позитивни рецензии. Можевме да прочитаме дека телефонот во основа претставува и пример за технологијата која ќе се користи кај iPhone Fold кој се очекува идната есен. 

Може да се каже дека никој, дури ни Apple, не треба да биде изненаден од слабата продажба на iPhone Air, а неговата најголема слабост дефинитивно може да се лоцира кај камерата. 

Според најновите неофицијални информации, Apple можно е да не претстави втора генерација од iPhone Air, а намалени и прекинати се веќе и нарачките за производство на оваа генерација. 

Тоа значи дека, иако сѐ уште не е сигурно, идната есен нема да видиме втора и подобрена генерација од овој тенок телефон, а главното внимание и така сигурно ќе биде насочено кон првиот iPhone на преклоп. 

Малку фали од компанијата да го подобрат iPhone Air, па телефонот сигурно би се продавал во многу поголема количина, но сепак мислам дека со тек на време другите модели ќе стануваат се потенки, па овој ќе остане само како пример. 

Со добра продажба не може да се пофали на Samsung со нивниот тенок Galaxy S25 Edge, па очигледно е дека корисниците не бараат потенки смартфони, а подготвени се дури и да користат подебели уреди, само доколку имаат поголема батерија.