Според сите досегашни информации, во септември оваа година Apple се очекува повторно да претстави четири нови iPhone модели, но овој пат ќе биде заменет Plus моделот со целосно нов „Air“ модел. Името сѐ уште не е сигурно, но така се нарекува од повеќето.
Во најновиот Power On неделен билтен, Марк Гурман посебно внимание посветува на iPhone Air, кој треба да започне нов тренд кај телефоните, тие повторно да бидат потенки.
Овој тренд беше прекинат кога стана јасно дека не пречи телефоните повторно да бидат нешто подебели, а на сметка на тоа да добијат подобри батерии, колку може, подобри камери и слично.
Сепак, напредокот на технологијата, а посебно на таа за батериите, ќе овозможи повторно да се вратиме на потенките мобилни. Истото ќе започне со iPhone Air, а тука се и Samsung со нивниот Edge.
Гурман најавува дека со тек на време може да се очекува тргање на сите приклучоци од телефоните, нешто што одамна се најавува, а тие да се полнат безжично. Вакво нешто се планирало за iPhone Air, но овој телефон сепак ќе дојде со USB-C приклучок.
iPhone Air се претставува слично како и MacBook Air, односно уред кој е потенок од останатите и доаѓа со комбинација на карактеристики од подобрите и послабите модели.
За овој уред се очекува дека ќе дојде со екран со големина од 6,6 инчи, ќе има тенки рамки, стандарден „динамичен остров“, како и 120 херци стапка на освежување.
Дополнително, се очекува дека ќе дојде со новото Camera Control копче, а на задната страна се очекува и новиот дизајн за делот кај камерата, која исто како и кај iPhone 16e, ќе биде една со 48 мегапиксели.
Од овој уред исто така се очекува и C1 чипот од Apple, кој се користи наместо тие од Qualcomm. За перформансите ќе се користи А19 чипот, не тој со Pro ознака, а сето ова наводно ќе овозможи да потенкиот уред нема проблем со траењето на батеријата.
Кратко кажано, Гурман најавува дека овие години можеме да очекуваме мало освежување на веќе едните исти телефони, а идната година кон тоа може да придонесат и првите уреди од Apple на преклоп.