sgs5-spoof

Samsung Galaxy S5 беше претставен пред скоро два месеци, а стана достапен за корисниците минатата недела. Една од новите функции воведени во овој модел е сензорот за отпечатоци од прсти со кој што корисникот може да додаде уште едно ниво на заштита на уредот или барем така треба да биде. Отпечатокот од прстот на корисникот може да се користи за отклучување на телефонот, како и замена за лозинки на повеќе сервиси до кои се пристапува преку него.

Истражувачите од германската сигурносна компанија SRLabs (Security Research Labs) успеаја да го пробијат, односно „измамат“ овој сензор и успешно да го отклучат уредот, но и да се најават на PayPal со сите можности кои ги нуди оваа апликации за размена на парични средства. Начинот на кој што го имаат пробиено сензорот е преку сликање на останат отпечаток од прстот на корисникот на екранот на мобилниот, користејќи камера од мобилен телефон, па потоа креирајќи посебна имитација од него на посебен материјал. Телефонот успешно го препознава отпечатокот исто како да е поставен прстот од корисникот.

Овој начин на пробивање на сензорот е користен и на iPhone, кој што исто така беше успешно пробиен. Она што е интересно е што за пробивање на S5-ката е користен истиот калап користен на iPhone мината година. Сепак нагласуваат од SRLabs дека сигурноста кај iPhone уредот е поголема поради тоа што истиот бара внесување на лозинка доколку сензорот не успее да го прочита отпечатокот неколку пати, нешто што не е случај со телефонот од Samsung.

Претходна статијаDart – најмалиот полнач за лаптоп компјутери
Следна статијаДостапна финалната верзија од Ubuntu 14.04 LTS
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.