640x360xmi-51.jpg.pagespeed.ic.AsdtBlz79p

Најголемиот кинески производител на паметни телефони, наскоро ќе го лансира својот најнов модел од високата класа, кој ќе доаѓа во две различни изведби – Mi 5 со 5,2 и Mi 5 Plus со 5,7 инчен дисплеј.

Според најновите податоци, и двата модели ќе имаат Quad HD екран со резолуција од 2560х1440 пиксели, што е за прв пат во еден телефон на Xiaomi. Ова ќе му овозможи да се натпреварува со моментално најдобрите Android телефони на пазарот, кои на оваа резолуција преминаа од пред скоро една година.

Помалиот модел ќе биде опремен со Snapdragon 810 процесор и ќе има 3 GB рам меморија, додека поголемиот модел ќе биде опремен со новиот Snapdragon 820 процесор, помогнат од 4 GB рам меморија.

Разлики има и во камерите – првиот ќе има камери со 16, односно 13 мегапиксели, додека вториот 23, односно 12 мегапиксели. И двата телефони ќе имаат оптичка стабилизација на сликата, која треба да овозможи поостри фотографии без блиц навечер, како и супер брз, ласерски автофокус.

Независно кој модел ќе го изберете, батериите ќе имаат огромен капацитет, односно 3000 mAh за помалиот и 3500 mAh за поголемиот. Информациите велат дека ќе биде достапно и брзо полнење на батериите и тоа од 0-100% за само 50 минути, што е навистина импресивно.

Однадвор, Mi 5 и Mi 5 Plus ќе бидат изработени од алуминиум, а интересен дизајнерски додаток ќе биде Gorilla Glass 2.5 стаклото, кое е благо закривено на краевите и кое овозможува пофлуидно користење на “swipe” командите, слично како кај Nokia Lumia 930.

Секако, новите модели од високата класа на Xiaomi ќе доаѓаат со најновата верзија на Android 5.1 Lollipop, но со популарниот MIUI скин на кинескиот производител.

Сите овие спецификации делуваат навистина импресивно, но она што навистина ќе им овозможи на Mi 5 и Mi 5 Plus да остават печат на пазарот е цената, која би требало да почне од 385 долари за помалиот модел.

Извор: Techno Buffalo, GSM Arena

Претходна статијаСоМо Борач: Отворено пријавувањето, презентирани жирито и новите категории!
Следна статијаОсвежениот PlayStation 4 троши многу помалку енергија