DSCF1189.0.0

Американскиот гигант повторно е на насловните страници, но овој пат за непопуларното отпуштање на работници, кои своевремено работеа во Nokia, која да потсетиме Microsoft ја купи за 7,2 милијарди долари. Сепак, ова не значи дека ќе престанат да се произведуваат Lumia телефоните.

Имено, во овој момент Lumia линијата на телефони е најбогата од сите производители и вклучува дури и премногу модели. Ова е нешто што ги збунува купувачите, бидејќи има многу модели со исти спецификации и малку различни цени, како на пример Lumia 640, 735 и 830.

И не само тоа, туку пребогатата линија на производи е лоша за привлекување на другите производители во Windows 10 Mobile еко системот. Математиката вели дека сите други производители на Windows паметни телефони, заземаат само неколку проценти од целиот колач, па затоа никој и не сака да се нафати на производство на Windows телефон – Microsoft буквално доминира.

lumia-line

Многу аналитичари овој потег го објаснија како убивање на мобилната дивизија, но тоа апсолутно не е точно. Ова го докажува и email-от на Сатја Надела, испратен кон вработените во Microsoft, каде е нагласено дека и натаму ќе се произведуваа паметни телефони, само вниманието ќе биде повеќе насочено кон Windows 10 како целосен еко систем, односно привлекување и на другите производители во него.

За да работи ова, Microsoft најави дека отсега, во Lumia линијата ќе има 6 модели на паметни телефони и тоа два телефони за оние со помал буџет, како што е денес Lumia 640, два телефони наменети за бизнис корисниците, со поголема заштита и други можности кои би ги привлекле таквите корисници, како и два телефони од високата класа, кои се најавените Lumia 940 и 940 XL и кои ќе треба да го донесат најдоброто од Windows сцената.

Ова портфолио на модели на Microsoft ќе биде многу пофокусирано и разликите меѓу групите на модели, ќе бидат доволно големи за купувачот да може да направи разлика. Замислете ги овие модели како Surface линијата на таблет – лаптопи. Со нив, Microsoft повеќе го покажува патот по кој да одат другите производители, односно како го замислува идеалниот хардвер за Windows оперативниот систем. Ова не само што ги направи таблет – лаптопите на Microsoft успешни, туку повлече и многу други производители да направат иновации во своите линии и реално, пак да ги вратат Windows лаптопите на сцената.

Microsoft-Announces-Surface-2-and-Surface-Pro-2-Tablets-Surface-2-Line

Ако го сумираме цел овој текст погоре, да, Microsoft ќе намали на производство на паметни телефони, но Lumia телефоните и натаму ќе се прават, а од друга страна ќе се привлечат и други големи производители во Windows 10 еко системот. Што значи дека и покрај „анализите“ на многумина, Microsoft нема да престане да прави хардверски компоненти, што е секако добра вест. Лошата вест останува отпуштањето на работниците, но тоа не е ништо ново во капиталистичкиот, корпоративен свет. За жал.

Извор: The Verge, Windows Central, (2), GSM Arena

Претходна статијаЗакрпен пропустот откриен во Adobe Flash Player
Следна статијаНови информации за Galaxy Note 5 и S6 Edge Plus