Арун Маини, односно Mrwhosetheboss е еден од најпознатите „јутјубери“ за технологија кој конечно успеа да ја надмине бројката на следбеници кои ја имаат Apple на YouTube. Ова е нешто со кое Маини се шегуваше долго време, па сега тој има повеќе од 19 милиони следбеници на овој сервис. 

Неговите рецензии за производите се навистина едни од најдобрите, а голем фактор во ова мислење е и уникатниот стил кој го има при снимање на видеата. 

Маини објави дека првпат не бил поканет на настанот на кој Google ги претставува нивните Pixel уреди, а неговата претпоставка е дека причината за тоа е негативното мислење кое тој го имаше минатата година за Pixel уредите, па и препорача други уред како подобар. 

Ова потоа извади на површина програма од Google за инфлуенсери во која е додадена најнов услов, а тоа е да не се препорачуваат други уреди на сметка на Pixel. Google веднаш потоа излезе во јавноста со информација дека промените се повлечени, а одговорноста за настанатата ситуација ја префрлија кај надворешна маркетинг, односно ПР агенција. 

Mrwhosetheboss ја објави неговата рецензија за новите Pixel 9 Pro, па во продолжение можете да видите што тој има да каже за оваа нова генерација на уреди од Google, а после настанатата ситуација со поканата. 

Претходна статијаСкопско пиво го менува името, станува и Битолско, Велешко, Охридско……
Следна статијаОткриени инвеститорите сопственици на X заедно со Елон Маск
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.