cm-14

CyanogenMod или скратено познат како CM, претставува open-source оперативен систем за Андроид смартфони и таблети кој се базира на андроид мобилната платформа. Големата слава на CyanogenMod Project тимот порасна за брзо време со развој на актуелни нови андроид софтвери познати како “cyanogenmod rom”. Со инсталирање на компатибилен ром вашиот стар андроид телефон кој долго време не добил надградба на софверската верзија, може повторно да оживее во ново руво.

CyanogenMod нуди многу нови корисни отворени опции кои што не се вклучени во официјалниот андроид софтвер, меѓутоа за негово инсталирање потребно е поседување на солидни софтверски познавања.

Google (Android) e против ваквиот начин на развивање на нови софтвери затоа што тоа се коси со нивната политика, па со инсталирањето на ваков незаконски софтвер ја губите гаранцијата на вашиот андроид телефон.

Поддржувачите мора да изразат голема благодарност до CyanogenMod затоа што и покрај проблемите со кои во последно време се соочува компанијата, верната група на развивачи на овој тип на софтвер уште во крајот на август оваа година вредно започна со развој на CyanogenMod 14.1. Ова верзија се базира на Андроид 7.1 Nougat и во почетокот беше поддржана од мал број на телефони, за сега таа листа да порасне, вклучувајќи ги Asus ZenPad 8.0, LG G3, LG G Pad, Nexus 5, Samsung Galaxy S5, Sony Xperia M и ново најавениот Nexus 4.

Официјалната софтверска поддршка за Nexus 4 прекина во мај 2015 година, со Lollipop 5.1.1 како последна надградба од Google за овај телефон. Меѓутоа посебно задоволство за корисниците на овој смартфон треба да претставува  фасцинантниот факт што CyanogenMod сеуште верува во веќе четири години стариот Nexus телефон.

Софтверот може да се симне од официјалната страна на CyanogenMod, но бидејќи се наоѓа во фаза на експериментален развој корисниците треба да бидат свесни за тоа дека можат да се соочат со одредени проблеми. Нестабилност, гличеви, багови, но тоа е цената која се плаќа за користење на најновиот и најдобирот софтвер. Кај софтвероот недостигаат некои од функциите поради некомпатибилноста на стариот хардвер.Од компанијата излегуваат со совет до корисниците да почекаат и не брзаат со инсталирање, се до издавање на конечната стабилна верзија.

Извори: Android Authority, GSMArena, CM, Neowin

Претходна статијаКритична маса #55: Избери точак
Следна статијаКако безбедно да купувате на Интернет