nexus-6p-sm

Насловот на кратко најдобро го опишува она што засега го знаеме за најдобриот Nexus телефон досега, кој треба да биде произведен од Huawei, а тоа е дека ќе биде еден исклучителен уред за консумирање мултимедијални содржини.

Екранот ќе има големина од 5,7 инчи со Quad HD резолуција, или во бројки 2560х1440 пиксели, што го става рамо до рамо со Note серијата на Samsung. Процесорот ќе биде веќе добро познатиот Snapdragon 810, но во подобрена 2.1 верзија, која треба помалку да загрева, веројатно помогнат од 3 GB рам меморија.

Ќе бидат достапни три изведби, со 32, 64 и 128 GB простор за складирање податоци. Батеријата ќе има 3450 mAh, која заедно со подобрувањата кои ќе ги донесе Android Marshmallow во поглед на консумирањето на енергија, треба да овозможи исклучително долго траење со едно полнење. А доколку се испразни, на помош е и брзото полнење на Qualcomm и тоа преку новиот USB Type-C приклучок.

rI2QihN.0

Однадвор, како и многу други уреди од високата класа и Nexus 6P ќе има метално тело, што е за прв пат во серијата на телефони на Google. Во предниот дел ќе има и два стерео звучници, како кај HTC One серијата, кои треба да овозможат подобро аудио искуство, особено при гледање видеа, односно кога корисникот гледа во екранот.

Во задниот дел е вграден сензорот за читање на отпечатоци од прстите, кој е директно поврзан со Marshmallow, првиот Android што има вградена можност за вакви скенери (досега производителите мораа да вградуваат сопствени софтверски надградби). А над сензорот е камерата, која не е лесно да се утне – прилично е испакната од телото, а има и една цела црна лента по ширината на телефонот, околу нејзе. Можеби ова можело подобро да се реши, но ќе ги оставиме овие забелешки за кога ќе го видиме во живо.

Оваа недела со сигурност ќе ги дознаеме и целосните спецификации, можности и цената на новиот Nexus 6P, како и на помалиот и поевтин Nexus 5X.

nexus-6p-images-011

Извор: Techno Buffalo, The Verge

Претходна статијаTime Round – Првиот кружен часовник на Pebble
Следна статијаДва поврзани испитаника преку Интернет можат да погодат што другиот мисли