TqbtK1I

Како што веќе знаеме, договорот што Nokia го има со Microsoft ја спречува компанијата да продава телефони под брендот Nokia, но тој договор истекува на крајот од 2016.

По се’ изгледа дека Nokia почнува да тестира хардвер што ќе работи на Android, а според примерот на Nokia N1 таблетот, може да се каже дека дизајнерите во Nokia се’ уште знаат што прават.

Иако според протечените тестови на моќност станува збор за уред со 1.3 GHZ процесор и дисплеј со резолуција од 1280х720, се претпоставува дека тој уред е само платформа на која Nokia ќе развива и тестира софтвер.

Според договорот со Microsoft, Nokia не смее да произведува паметни телефони до 2016 година, што значи друга фирма ќе треба да ги произведува според спецификациите на Nokia, како што беше случајот со Foxconn за Nokia N1 таблетот.

Сето ова носи повеќе докази што ги поддржуваат гласините започнати од извршниот директор на Nokia, Рахев Сури, дека Nokia е заинтересирана да создаде водечки паметен уред што ќе работи на Android. Иако останува многу време за чекање, сепак ова се добри вести од финската компанија. Судејќи според квалитетот на градба на телефоните што работат на Windows и според репутацијата што Nokia ја има во тоа поле, Android телефон што е доволно цврст да издржи удар на бетон е одлична работа.

Иако според повеќе извори станува збор за следбеник на Nokia 1100, што ќе работи на Android Lollipop, информациите се премногу различни за да се доведат повеќе заклучоци.

Извори: Techradar, Softpedia

Претходна статијаXiaomi лансираше неколку нови продукти, вклучувајќи и 55 инчен паметен телевизор
Следна статијаПретставен трејлерот за GTA V!