xperia-z4

Чекањето за најновиот знаменосец на Sony веќе се чини како многу долго, особено дека јапонскиот гигант не’ навикна на лансирање нови телефони на секои 6 месеци. Но, според првите информации, ова чекање ќе биде вредно, бидејќи за прв пат од лансирањето на Z серијата, промените ќе бидат поголеми отколку само промена на чипсетот.

Конечно, Sony Xperia Z4 треба да добие потенко и целосно помало куќиште и покрај тоа што ќе има малку поголем екран од 5,1 инчи. Самиот дисплеј треба да има резолуција од 1920х1080 пиксели, што е на нивото на HTC One M9, но послабо од Galaxy S6, или пак новиот LG G4, кој скоро со сигурност ќе биде лансиран со дисплеј од 2560х1440 пиксели.

Сепак, има извори кои велат дека Sony ќе понуди две верзии на смартфонот, од кои едната со дисплеј со повисока резолуција. Предноста секако ќе биде поостар екран, додека недостатокот е пократко траење на батеријата. Но, и да нема таков модел, Sony ветува висок квалитет на дисплејот, благодарение на Triluminos технологијата, која овозможува живи и реални бои.

Во внатрешноста ќе се вградува најновиот чипсет на Quallcom, Snapdragon 810, кој има 8 физички јадра во big.LITTLE архитектура, од која 4 јадра се наменети за полесните задачи и трошат помалку енергија, додека другите 4 јадра се наменети за потешките задачи и се многу помоќни. Графичката ќе биде Adreno 430, која е една од најмоќните во моментов. Чипсетот ќе биде потпомогнат од 3 GB рам меморија, што е веќе стандард кај најдобрите Android телефони денес, додека ќе има и 32 GB простор за складирање податоци, од кои 23 GB ќе бидат достапни за корисникот.

Интересно, според последните информации, камерата ќе има 19 мегапиксели, што е помалку од Z3, но сензорот ќе биде целосно нов и ќе треба да го искачи новиот Z4 повторно на самиот врв кај паметните телефони, а во поглед на квалитетот на фотографиите. Предната камера има 4,8 мегапиксели. Верзијата на Android со која ќе биде лансиран телефонот ќе биде Android Lollipop 5.1.

Изворите велат и дека телефонот на Sony ќе има многу висока цена, но што треба тоа да значи, односно дали ќе биде повисока од таа на главните конкуренти, останува да видиме кога ќе биде лансиран.

Извор: TechRadar

Претходна статијаOxygenOS – Нов оперативен систем од OnePlus
Следна статијаCaltech сака да донесе технологија за 3Д скенирање во мобилните уреди