panasonic_toughpad_fz_f1_fz_n1

Јапонскиот гигант во електрониката веќе подолго време нема некој значително успешен смартфон и главно се ориентира на бизнис моделите, како што е новиот уред од FZ серијата, кој е изработен за да може да ги издржи и најтешките услови на користење, особено при работа на терен.

За колку цврст телефон се работи, доволно зборува фактот што може без проблем за издржи 2.000 (да, две илјади!) паѓања од 1 метар височина и може да се „нурне“ 1 метар под вода до максимум 30 минути. Предното стакло исто така е од специјален материјал и треба да е нескршливо.

panasonic-fz-n1

Самиот смартфон не е претерано интересен во поглед на спецификациите – процесорот е застарениот Snapdragon 801, кој има четири јадра на 2,5 GHz помогнат од 2 GB рам и 16 GB простор со слот за micro SD, додека дисплејот има големина од 4,7 инчи и само HD резолуција.

Батеријата има капацитет од 3.200 mAh, што со оглед на големината на дисплејот треба да овозможи прилично долго траење, но за оние кои сакаат да се неколку дена надвор од дома, достапна ќе биде и батерија со капацитет од 6.200 mAh која сигурно ќе овозможи неколку дена користење. И двете батерии се лесно променливи, што значи дека корисникот може секогаш да носи и резерва.

Камерите и кај двата уреди не се ништо особено – задната има 8, додека предната 5 мегапиксели, но ова се сепак бизнис телефони, наменети за оние кои работат на терен, како градежните работници, кои колку што знам, не постираат свои фотографии често на социјалните мрежи.

panasonic-toughpad

И двата уреди имаат dual SIM функционалност и чинат 1.499 долари за Android Lollipop 5.1.1 верзијата (FZ-N1), односно 1.599 долари за Windows 10 Mobile верзијата (FZ-F1) – голема сума на пари за смартфон со вакви спецификации, но кој сигурно нема никогаш да го однесете за да му го смените скршениот дисплеј или пак да мора да го фрлите зошто ви паднал во вода – едноставно, нескршлив е.

Извор: Windows Central, Android Central, NDTV

Претходна статијаКакви горива ќе се користат за следните генерации на вселенски бродови
Следна статијаOppo најави технологија со која полнењето на мобилните би траело 15 минути