- 56% од луѓето признаваат дека случајно погледнале во екранот на телефон на непознато лице, а 24% го направиле тоа од љубопитност.
- 57% го идентификуваат јавниот превоз како најверојатно место каде што може да се забележи туѓ екран.
- Додека 48% се чувствуваат сигурни дека нивната употреба на телефон е приватна на преполно место, 52% признаваат дека лесно е да се види туѓ екран кога сe наоѓате на јавно место.
- 33% велат дека виделе лична содржина на телефон на непознато лице во јавност.
- Некои корисници на паметни телефони игнорираат (28%) или веднаш го тргаат погледот (27%), но други (7%) признаваат дека продолжуваат да гледаат дискретно.
- Новиот Samsung Galaxy S26 Privacy Display го ограничува гледањето на екранот од страничен агол за да ја заштити вашата приватност во секоја ситуација.
Скопје, 1 април 2026 година – Додека милиони Европејци се подготвуваат да уживаат во велигденскиот викенд, ново истражување на Самсунг („Samsung”) покажува дека јавните простори во Европа станале „споделени екрани“: 56% од луѓето велат дека случајно погледнале во телефон на непознато лице, при што јавниот превоз се наведува како најчесто место каде може да се забележи туѓ екран (57%). Речиси еден од четворица Европејци (24%) признава дека гледал во туѓ телефон од љубопитност, откривајќи низа приватни содржини, од лични фотографии до банкарски податоци.
„Samsung” анкетираше 11.000 Европејци како дел од лансирањето на Galaxy S26 Ultra, кој воведува вграден Privacy Display екран. Оваа нова технологија базирана на хардвер овозможува содржината на екранот да биде видлива само од напред, со цел да ја заштити приватноста од странични агли, без да се наруши искуството при гледање.

Истражувањето дополнително открива јаз помеѓу перцепцијата за приватност на телефонот и реалноста: додека 48% сметаат дека нивната употреба на телефон е приватна на преполни места, 52% велат дека лесно можат да видат туѓ екран во јавност. Покрај тоа што повеќе од една четвртина (28%) игнорираат или веднаш го тргаат погледот (27%), 7% признаваат дека продолжуваат да гледаат дискретно.
38% од испитаниците исто така се согласуваат дека избегнале или одложиле да направат нешто на телефонот во јавност затоа што некој може да го види нивниот екран, што укажува на јасна потреба за поголема контрола врз видливоста на нивната дигитална содржина.
Од пораки до пари: што е во прашање
Речиси половина (49%) од учесниците во анкетата почувствувале дека некој гледал во нивниот телефон во јавност. Само 21% се согласуваат дека користењето паметен телефон во јавност е приватна активност. Потрошувачите можеби веќе го знаат овој ризик, но новите наоди покажуваат дека видливите информации често се неочекувано лични.
Една третина (33%) од Европејците велат дека виделе лична содржина на телефон на непознато лице во јавност, при што 27% признаваат дека виделе нешто што сметале дека не требало да го видат.
Најчесто забележаната содржина вклучува:
- Лични фотографии / галерија – 38%
- Лице или глас на некого во видео повик – 33%
- Лични пораки (на пример, од партнер/сопружник) – 29%
- Известувања/профили од социјални мрежи – 27%
- Онлајн купување – 17%
- Известувања/профили од апликации за запознавање – 12%
- Банкарска состојба или податоци за сметка – 11%
Овие ситуации најчесто се ненамерни и се случуваат при секојдневни околности. Токму тоа создава „случајна публика“ – луѓе кои гледаат што има на туѓ екран едноставно затоа што им е во видик кога немаат што друго да прават освен да погледнат околу себе. 57% го наведуваат јавниот превоз како најверојатно место на кое може да погледнеш во туѓ екран, по што следуваат 35% додека чекаат ред (на пример, во супермаркет или продавници) и 13% во бар, ресторан или кафе.

Сè поголем фокус кон заштита на личните информации
Како што луѓето стануваат посвесни дека другите можат да ги видат нивните екрани во јавност, многумина почнуваат да го менуваат начинот на користење на телефоните.
Додека само 9% од луѓето велат дека не прават ништо кога ќе почувствуваат дека некој гледа во нивниот екран во јавност, 42% пријавуваат дека целосно престануваат да го користат телефонот. Само 10% би се соочиле директно со таа личност.
Од страв дека непознат може да го види нивниот екран, Европејците избегнуваат или одложуваат активности поврзани со банкарство (62%), внесување лозинки (49%) или читање приватни пораки од партнер (43%).
Овие промени одразуваат поширока промена во начинот на кој луѓето размислуваат за приватноста, не само како нешто што се управува преку поставки на уредот, туку и како нешто што зависи од околината.

Со Privacy Display на Samsung Galaxy S26 Ultra, покрај овие разумни навики за зачувување на приватноста, луѓето добиваат нова алатка за заштита на нивните информации,. Приватноста долго време е во фокусот на „Samsung”, а Privacy Display претставува најнов чекор во помагањето на луѓето да ги зачуваат своите лични информации во моментите што се важни, поддржано со седум години безбедносни ажурирања за долгорочна заштита.
Бенџамин Браун (Benjamin Braun), Директор за маркетинг на „Samsung” во Европа, изјави: „Вашиот телефон е една од најличните работи што ги поседувате. Содржи ваши фотографии, банкарски податоци, пораки и многу повеќе. Јас користам јавен превоз речиси секој ден и последното нешто што го сакам е лицето до мене да гледа што има на мојот екран. Затоа го вградивме Privacy Display во Galaxy S26 Ultra – за содржината на вашиот екран да остане само ваша“.










































