Фото: Samsung

Скопје, 5 март 2026 година – „Самсунг Електроникс“ (Samsung Electronics) денес најави дека уредот Galaxy S26 Ultra е добитник на наградата „Best in Show“ на Глобалните Награди за мобилна технологија (Global Mobile Awards – GLOMO Awards) за време на Светскиот Конгрес за мобилна технологија (Mobile World Congress – MWC) 2026 кој се одржа во Барселона, Шпанија. Асоцијацијата за Глобални мобилни комуникации (Global Mobile Communications Association – GSMA) ги одржува „GLOMO“ наградите годишно за време на „MWC“ за да оддаде признание на извонредните иновации во мобилната индустрија.

Категоријата „Best in Show“ ги издвојува производите фокусирани на корисниците кои поставуваат репер за технологијата. Како едно од највисоките признанија во индустријата, уредите прогласени за „Best in Show“ се познати како „златен стандард“ во дигиталниот пејзаж, оценети од повеќе од 200 водечки светски независни аналитичари, новинари и ветерани во индустријата.

Samsung Galaxy S26 Ultra: Best in Show

На церемонијата за доделување награди одржана на 4 март, Galaxy S26 Ultra победи во категоријата „Best in Show“ благодарение на беспрекорниот спој на напреден хардвер и интуитивниот, проактивен софтвер One UI 8.5. Galaxy AI испорачува адаптивна интелигенција свесна за контекстот, која ги поедноставува секојдневните задачи, истовремено штитејќи ја безбедноста и приватноста. Заедно, овие унапредувања ја оживуваат најинтуитивната мобилна вештачка интелигенција, дизајнирана да ги предвиди потребите на корисниците.

Galaxy S26 Ultra го претстави и првиот во светот вграден Privacy Display екран, пресвртница во инженерингот на екрани, кој на корисниците им нуди поприватно, но живописно искуство при гледањето. Во внатрешноста, приспособениот чипсет овозможува побрза Galaxy AI вештачка интелигенција, поставувајќи нов стандард за мобилни искуства без напор кај Galaxy S26 Ultra.

„Овогодинешната конкуренција беше исклучително силна“, изјави Шон Колинс (Shaun Collins), Претседател на жирито за „MWC Best in Show 2026“. „Бараме технологија која не само што е иновативна и впечатлива, туку и вистински ја движи индустријата напред. Samsung Galaxy S26 Ultra се истакна со поместување на границите на мобилната технологија, истовремено испорачувајќи значајно влијание во реалниот свет. Особено, неговата иновација во приватноста одговара на една од најважните потреби на денешниот дигитален начин на живот – безбедноста, личниот простор и довербата.“.

Жирито на „MWC Best in Show“ истакна дека меѓу повеќе од 3.000 излагачи, Galaxy S26 Ultra се издвои по тоа што ги направи визионерските иновации достапни веднаш. „Иако многу технологии прикажани на MWC ја истакнуваат иднината“, соопшти панелот, „ова е производ кој потрошувачите можат да го искусат денес.“

„Чест ни е што Galaxy S26 Ultra е препознаен како ‘Best in Show’ на овогодинешните ’GLOMO’ награди“, изјави Стефани Чои (Stephanie Choi), Извршен Потпретседател и Раководител на маркетинг центарот за мобилни уреди во рамките на бизнисот за Мобилно искуство (Mobile eXperience – MX) на „Samsung Electronics“. „Galaxy S26 Ultra е телефон со агентска вештачка интелигенција кој ја означува континуираната посветеност на ’Samsung’ кон унапредување на нашата индустрија, а ова признание е особено значајно со оглед на извонредните иновации прикажани на MWC.“

Уредите Samsung Galaxy S26 Ultra, S26+ и S26 се достапни за нарачка во Македонија, а корисниците може да одберат модел во виолетова, бела, црна и небесно сина боја. Сите заинтересирани, до 10 март до крај на денот, може да ги нарачаат најновите „Samsung“ уреди и да искористат ексклузивна поволност – да добијат модел со меморија од 512GB по цена на модел со меморија од 256 GB. 

За сите информации и детали за новата Galaxy S26 серија, посетете ја страницата: www.samsung.com/mk