Едно од главните очекувања за наредниот Galaxy S модел од Samsung, е дека тој нема да биде направен од веќе познатата пластика користена од компанијата за оваа серија. Вклучувањето на метална рамка може да се каже дека е скоро сигурно, меѓутоа останува задниот дел од телефонот.
Минатата недела можевме да почитаме дека Samsung планира S6-ката да го направи целосно од метал. Се разбира овие информации се неофицијални, па не можеа да се сметаат како сигурни и точни.
Од Samsung се’ уште немаат излезено со официјални информации околу нивниот нареден главен модел, па останува да продолжиме да ги читаме шпекулациите. Наредната информација доаѓа од корејскиот портал DDaily, кои што тврдат дека имаат разговарано со официјално лице од компанијата.
Според нив, Samsung сепак во Galaxy S6 нема да користи целосно метално тело. Она што тие планираат е да телефонот го направат со метална рамка, како што веќе можевме да го видиме тоа во неколку нивни модели, вклучувајќи го и Note 4. Задната страна од телефонот сепак нема да биде повторно пластична, односно таа ќе биде направена од стакло.
Стаклена задна страна веќе можевме да видиме кај повеќе модели од другите производители како Apple, на пример, како и Nexus моделите од Google.
Причината која што е наведена за користење на стакло наместо метал е желбата телефонот да биде издвоен од Galaxy A серијата која што е од средната класа.
Извор: TechRadar