samsung_galaxy_s7_edge_25159150443_2-796x447

Бидејќи многу од корисниците на Galaxy S7 и Galaxy S7 Edge се загрижени дека нивните батерии можат исто така да експлодираат, Samsung излезе со демант. Тие порачуваат дека и покрај проблемите на веќе откажаниот модел Galaxy Note 7, кој имаше проблем со експлозија на батеријата, останатите модели на брендот нема да го имаат овој проблем.

Загриженоста дека можат да експлодираат S7 и S7 Edge произлезе од неколку експлозии на такви телефони кои беа објавени на интернет мрежата. Сепак, тоа биле уреди кои имале видливо физичко оштетување, кое придонело батеријата значително за го зголеми својот волумен и потоа да се запали.

Од Samsung потврдија дека од 10 милиони телефони продадени во САД нема ниту еден потврден случај за уред кој се самозапалил, исто како што се случуваше со Note 7. Ова значи дека проблем не би требало да имаат ниту S7 телефоните кои се продадени во Европа и кај нас. Всушност, досега немаме видено некој да има објавено ваков проблем на социјалните мрежи.

Претходно, имаше многу обиди да се „оцрни“ S7 линијата. Многу корисници, по објавените проблеми со Galaxy Note 7, јавно објавија фотографии и видеа од S7 уреди кои се „самозапалуваат“. Сепак, тие корисници одбивале да ги однесат телефоните во Samsung на проверка и многу од нив имаат „исчезнато“ од интернетот, што значи дека не се реални. Поточно, сигурно го имаат направено тоа за „слава“ на YouTube, Facebook и/или Twitter.

Извор: The Next Web, Tech Crunch, Forbes

Претходна статијаНајавените евтини VR уреди од Microsoft ќе работат и со послаби компјутери
Следна статијаMacedonia 2025 Summit: светот е на прагот на револуцијата на „Вештачка Интелигенција“